„Затворена“ Македонија

April 23, 2020

|

Language:Albanian

„Затворена“ Македонија

Не се случило никогаш порано во Македонија луѓето се затворат повеќе од 60 или 80 часови. За прв пат ова се случи на 10 април, петок, од 16:00 часот, до понеделник 13 април, до 5:00 часот, и од 17 април во 16:00 часот до вторник 21 април, до 5:00 часот наутро. Карантинот е дел од мерките за заштита од коронавирусот. Но, како изгледаше живот на затворено на луѓето во Македонија? Учесниците на Мрежата на млади новинари известуваа и го документираа преку фотографии, животот во карантин во нивните населени места. Младите новинари се од различни градови во земјата и сите заедно прикажуваат единствен мулти-димензионален поглед на „затворањето“ на земјата:

Рита Сила е од Тетово. Таа ги направила фотографиите на својата улица “Илинденска„ во центарот на градот.

1: Јажето, кое обично е со алишта, овој пат беше полн со маски. „Ќе ни требаат за подобри денови…сега засега и ним им треба малку одмор“, кажала мајката на Рита, која ги простира на јажето!

2: “Hippie” ананасот додаде позитивни бои и живост на улицата од детството на Рита, која сега е празна. Така беше и на другите улици на Тетово.

3: Јога во карантин. Може да бидете изолирани во четирите ѕида на собата, но експлодирате во внатрешноста на умот и душата!

4: Еден ден пред “ослободувањето„ од првиот карантин. Слободата е важна, Рита се подготвува да ја излезе од куќата 24 часа порано!

6: Дури и Бади (Buddy) е во карантин. Кучето е престрашено што не може да ја излезе од куќата. “Не грижи се Бади, сите сме во оваа тажна ситуација заедно!”

7: Фрижидерот на Рита навистина го има овој натпис „Stay away from the fridge“! (Остани подалеку од фрижидерот). „Продолжувам да јадам, но, единствената разлика е во тоа што кога ќе се приближам до фрижидерот оваа порака ме прави да се смеам“, вели Рита. И да, ни требаат што повеќе насмевки во ова време 🙂

Но, како изгледа долгиот карантин во село каде луѓето живеат во куќи и имаат дворови и градини. Овие слики ги донесе Рита Бехадини, од тетовското село Слатина.

1: На село, физичкото растојание се држи природно и така се вршат пролетните работи. Слатина, Тетово.

2: Кога се работи, може да се прават и шеги, но, секогаш со доволно физичко растојание. Двајца членови на семејство, кои играат во тетовското село Слатина.

3: Дворот создава можност за подготвување и на традиционална храна со традиционални помагала. Флија на сач е чудо!

4: Сите кон флијата но сега без физичко растојание. Но, секако откако ќе се измијат рацете.

Куманово е еден од центрите на битката со коронавирус. Лутфие Нухиу ја донесе атмосферата од центарот на градот.

1: Улицата “Трст„ во центарот на Куманово никогаш не била толку празна на сред ден.

2: Улицата “11 Октомври“, исто така во центарот на Куманово, е без луѓе и возила.

3:Иако во центарот на Куманово, надвор смеат само животните.

А предградието? Албрие Џемаили исто така од Куманово, но од предградие, со своите фотографии прикажува дел од кумановскиот карантин.

1: Не може да се излезе надвор, но, може да се оди високо. Семејство на „пикник“ за време на карантин на терасата на зградата. Фотографиите се направени во населбата Долно Коњаре.

2: Деца во дворот пред празна улица. И тие се зачудени од тоа каде се другите луѓе на населбата која има доста движење. Фотографијата е направена во населбата Долно Коњаре.

3: Мачка во карантин. Кога луѓето не се движат, не се движат ни животните!

4: Куче во карантин. Кога луѓето не се движат, не се движат ни животните!

5: Пејзаж од прозорец, каде цвеќињата се заменети со средства за чистење.

6: Во двор, но, наоколу без бучавата на секојдневието. Сè е празно и без луѓе, како во Куманово така и насекаде.

Скопје не е само главниот град, туку и градот со најголемиот број жители во Македонија. Карактеризирано со населби и општини со различна географија, еве како изгледаше карантинот. Арди Жута носи највпечатливи слики на симболот на Скопје, Чаршијата, но без луѓе, како никогаш порано.

1: Порано, оваа уличка на Чаршијата беше полна со живот. Свеж мирис на кафе, слаткарници, продавници и доста движење. Но, дури и обоените чадори не можат да донесат енергија без луѓето. Фотографијата е направена на вториот ден од 85-часовниот карантин.

2: Не само уличките, туку и продавниците се празни. Ова е продавница на познатата златарска улица на Чаршија. Но, сега злато се домот и здравјето!

3: Оваа автобуска станица е една од пооптоварените. Тоа е во близина на крстосницата на булеварот “Крсте Мисирков“, но без луѓе.

4: Најфреквентната крстосница која поврзува неколку делови на Скопје, како никогаш досега, е празна. Фотографијата е направена за време на 85-часовниот карантин, кога православните верници го славеа и Велигден. Но, градот е без луѓе и на ден на прослави.

Дани Лазаревска ја прикажува атмосферата во дел од Кисела Вода, Скопје. Но, атмосферата е иста, во тек на целиот ден во карантин.

1: Секоја вечер во 8 забавата започнува во Кисела Вода во блиска околина на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“. Од добро озвучениот и помалку украсен со по некоја новогодишна светилка 6ти спрат .Отворањето секоја вечер е со иста песна – Next time, „Ја излези Ѓурѓо“ , помалку и метафорички повикувајќи ги соседите на прозорите и терасите заедно да најдат малку забава во овие помалку и меланхолични и еднолични часови на изолација каде улиците се празни и без луѓе.

1: Сонцето е изгледа едно од малкумината за кое не важи забраната за излегување. Светлината и топлото време често ги тера жителите своите дневни навики да ги пренесат од дневната на балконите како честите попладневни разговори или првото утринско кафе.

Но, не беа празни сите скопски населби. Арта Ќерими прикажува сцени од населба, каде има повеќе куќи и дворови и на чии улици деца и млади излегле пред нивните куќи.

1: Во населбата „Серава“, скоро во центарот на Скопје, општина Чаир, речиси никогаш нема мир. За време на 60-часовниот карантин, младите и децата го искористија добрите временски услови за да си играат пред своите куќи.

Во меѓувреме, Ивана Настеска, носи сцени од Скопје, но, од општина Карпош. Дури и овде, младите со тешкотии се справуваат со рестрикциите за движење, кои нашле други начини.

1: Иако изгледа дека младите уживаат во сонцето, јасно е дека не се среќни со оваа изолација. Фотографијата е направена на улицата “Кленоец„ населба Влае, општина Карпош.

2: Иако не многу среќни што треба да седат дома, младите луѓе за време на полицискиот час, не можеа да одолеат на убавото време, па за рекреација го искористија кровот од зградата во која живеат. Сликата е направена на улица „Кленоец“, во населба „Влае“, општина Карпош.

3: Но, кога доаѓа ноќта, освен возилото на полициската патрола, на улицата „Кленоец“ во населбата „Влае“ во општина „Карпош“ нема никакво движење од други граѓани.

Маја Терзиова носи атмосфера и прикази скопските населби, „Ѓорче Петров“ и „Хром“, каде исто така животот и движењата застанаа.

1: Прв полициски час во Скопје. Улицата „ Ѓорче Петров “ празна како никогаш до сега.

2: Улица „ Исаија Мажовски “ во Скопје за време на 62 часовен карантин, населба „Хром“. Додека соседите кои живеат во куќи прават скара по дворовите, тоа за луѓето кои се во станови е невозможна мисија.

3: Немаат двор за скари, но, релаксација во карантин може да има и на 12 кат.

4: Во временскиот интервал од 20:00 од 20:30 часот, за време на полициски час е дозволено време за прошетка на милениците. Додека луѓето се затворени, во стан или куќи, само тие со миленици може да се на „слобода“.

Ако веќе добивме впечаток за општините и населбите на главниот град, како е долго-часовната изолација во центарот на Скопје? Дорина Ајдини, која живее во центар ја прикажува атмосферата.

1: Рекордно времетраење без автомобили, кое некогаш до сега не го видела, таканаречена област „Рекорд“ во центарот на Скопје.

2: На главната улица „Македонија“, во срцето на Скопје, пред влезот на зградата, е само куче скитник, но, луѓе нема.

3: Ниту едно возило или движење пред Музејот на Град Скопје. Исто како и часовникот на некогашната Железничка станица, во центарот на главниот град, кој застанал од земјотресот во 1963 година, исто така е и чувството за времето во тек на карантинот. Застанало и не поминува.

Теута Бучи, исто така долови сцени од значајни места на главниот град, кои никогаш не се празни.

1: Плоштадот Македонија е центарот на Скопје. Тој видел движења непрестајно, од оние историски, кога е прогласена независноста, убиства, протести, но и празници и концерти. Но, никогаш не бил празен како сега.

2: Ова е улицата „Цветан Димов“ една од главните на општина Чаир. И оваа улица никогаш не е празна, дури ни ноќе. Но, овој поглед е „историски“ бидејќи кој знае кога ќе се повтори!

Шефкије Аласани, во текот на деновите на големите затворања беше во Струга, но ни носи слики и од градот и од селото, освен Струга и Дологожда, село на 11 километри оддалеченост од градот. Еве како изгледаше животот во овие две населени места:

1: Познатото шеталиште покрај реката Црн Дрим во Струга. Иако беше убав и сончев ден ова беше погледот. Жителите на Струга не памтат некогаш да за време на топол пролетен викенд, шеталиштето околу Црн Дрим било потполно празно. Фотографијата е направена на 12 април, околу 13,00 часот.

2: Улицата „Маркс Енгелс“ е главната улица и се наоѓа во центарот на Струга. Вака потполно празна може да се види само за време на изолација во вонредна состојба. Апсолутната тишина можеби им годи само на жителите во своите домови кои никогаш не ја виделе улицата празна, дури ни ноќе.

3: Улиците беа празни и на село. Кога поминаа 50 часа од изолацијата, изгледа дека само за некои деца станало неиздржливо. Фотографијата е направена на 12 април околу 18:00 часот во селото Дологожда.

4: Еден обичен ден во тек на карантин во село се поминува грижејќи се за дворот и уживајќи во истиот семејно. Интересен факт е дека родителите и бабите и дедовците се најсреќни со одлуката за полициски час. Според нив, ова е единствениот начин децата да седат дома и така сите може да поминат повеќе време заедно. Фотографијата е направена по 24 часа карантин, во струшкото село Дологожда во Струга.

5: Карантинот ги натера луѓето да се посветат на кујната и да подготвуваат разни специјалитети. 61-часовната изолација беше причина да многу семејства ја поминат неделата подготвувајќи традиционална храна. Фотографијата е направена во селото Дологожда.

Во Штип немало никакви движења ниту во центарот, ниту на улиците кои поврзуваат различни населби. Теодора Новеска го прикажува овој празен град, но, со мал број движења на оние што имаат дозвола за тоа.

1: Празна е една од најфреквентните раскрсници во Штип. Граѓаните од населбата „Сењак“ со години чекаат инфраструктурно решение за оваа критична раскрсница каде често се случуваат сообраќајни незгоди.

2: Мајка и дете со попреченост шетаат низ празните штипски улици за време на полициски час. Владата дозволи движење на оваа категорија граѓани од 19 до 20 часот во работни денови и викенди во периодот од 11 до 13 часот.

Рената Пенчова носи сцени од предградие на Штип, каде, колку фотографии да се направат, сцената би била иста: Празни улици!

1: Фотографијата е од улица „Крушевска Република“, една од најфреквентните улици која ги поврзува населбите „Баби“ и населба „Дуизлак“ во општина Штип, викендов беше комплетно празна.

Љубица Иванова низ слики го прикажува градот Струмица. Од сцените се гледа и таму градот молчи, а улиците останале празни. Но, деновите не поминуваат толку лесно, во оваа исклучително необична ситуација.

1: Животот, љубовта и се друго се одвива преку жици во време на корона. ул. „Дрварска“, Струмица.

2: Сабота, 11.04.2020 глува тишина. Штракањето на фотоапаратот го намами соседот на Љубица да излези надвор и да влезе повторно внатре… Е до толку глува тишина е на ул. Дрварска, Струмица.

3: Недела, 12.04.20 се слуша само ѕвечкањето на украсот, кој ја краси кајсијата во дворот, во ритам на пролетниот ветар. Струмица, ул. Дрварска.

4: Шеесет и еден часовен карантин, поминаа 52 часа, не остана уште многу што да се прави. Книга или филм? Изборот е „Годината минува, денот никогаш“ – книга од Жарко Лаушевиќ. Сликата е направена на 12.04.20 ул. Дрварска во Струмица, но книгата и насловот кореспондира на ситуацијата на целата држава. „Тој сам си ја зеде слободата, нашиот непријател невидлив е“.

Препорачаните мерки за заштита од коронавирус се применуваат скоро од сите, но, има и такви кои не се внимателни. Еви Шкопи, носи слики што не би требало да ги видиме.

1: Ракавиците се најбараните нешта во овој период, но кога се фрлаат на улица, тоа покажува дека не секој ја има потребната внимателност кон коронавирус.

2: И маските се доста барани, дури во некои градови на Македонија ќе бидат и задолжителни, но фрлањето на истите на улица само покажува недостаток на одговорност на некои граѓани.

3: Чистотата ќе продолжи да биде приоритет и по завршувањето на вонредните мерки, но, се чини дека ќе биде потребно повеќе едукација и одговорност за да се одржи насекаде, како дома така и на улица!

Животот во карантин го запре животот надвор, но како изгледаше карантинот во домовите, како го поминаа луѓето и семејствата? Оваа визија ја носи Ардит Рамадани од неговото семејство и соседите во Тетово.

1: „Уно“ е игра со карти што сите ја играат, но за време на карантинот, дедо ми инсистираше да играме. „Многу ми се допаѓа да гледам среќа во очите на дедо ми“, вели Ардит.

2: Вечерата обично се приставува во 19:00 часот, но поради полицискиот час секој распоред се сменил. „Почнав да и се заблагодарувам на мајка ми за секое јадење што го подготвува, бидејќи пред ова, тоа го гледав како нејзина„ обврска “, а не како нејзина чест или форма да ја искажува љубовта“, вели Ардит.

3: „Обично неделите ги поминувам во мојата соба во пижами и книга во рака. Овој пат беше поинаку, се разбудив со звуците на гитарата. Неделата започна со музика на балкон, некои од соседите се забавуваа, а јас сфатив колку потреба имав од музика во овој период “, вели Ардит.

4: Среде 85-часовниот карантин, оние што имаат двор го користат за да спортуваат. „Почнав да правам неколку вежби, но беше лоша идеја, сето тоа траеше само 20 минути, бидејќи карантинот подолг од месец дена ми ја намалил кондицијата“, вели Ардит.

5: „Последниот ден од 85-часовниот карантин, понеделник, е денот на почетокот на неделата и сè што во моментов сакам и имам волја да правам е да читам книги. Но, сакам оваа ситуација да заврши што е можно поскоро“, вели Ардит Рамадани, студентот го прикажа на карантинот од својот дом.

Долгите карантини, 61 час и 85-часовниот за два последователни викенди, ги доживеаја сите, но, студентот Адем Јашари беше единствениот од групата млади новинари кој се само изолираше две недели. Тој се врати од Германија и бидејќи беше во земја погодена од коронавирус, тој мораше да се изолира. За среќа, тој не беше погоден од вирусот и преку фотографии му го прикажува искуството за тоа како го доживеал карантинот и самоизолацијата во тетовското село Челопек, од каде и потекнува:

1: Со цвеќето детелина се игра “ме сака“, “ не ме сака“. Но, овој цвет и во позадина улицата на селото Челопек, тетовско, вели дека не се игра со судбината. Никој не смее да го остави заразувањето со вирусот во рацете на судбината. Самоизолацијата и карантинот покажуваат дека играта “ме сака“, “ не ме сака“ животот, не е лесна!

2: Може да бидеш и во село, но границата е кај вратата.

3: Времето во самоизолација или карантин минува во обиди да го поминеме со хобито што го имаме. Но, не секогаш има концентрација.

4: Сепак, за било што треба надеж, а надежта се одржува со љубов. Како љубовта за време на короната, на бабата и дедото на Адем Јашари..

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.