Чувајте се од сончевите зраци, рак на кожата е трет по број на случаи во земјава
Изложувањето на сонце го зголемува ризикот од рак на кожа кој станува се поприсутен кај граѓаните во земјава. Аријанита Јусуфи, естетичарка, вели дека во голема мера причинител на ракот се ултравиолетовите зраци и дека ризикот се зголемува кога кожата доживува повисока стапка на изгорување.
„Ракот на кожата е абнормално раст на кожните клетки, т.е. генетска мутација. Во 80% причинители за ова се ултравиолетовите зраци кои ја оштетуваат ДНК на клетки, оштетување кое со време се акумулира и ги зголемува предиспозициите за генетски мутации кои предизвикуваат рак на кожата. Факт е дека ако еден човек поминал најмалку 5 изгорувања од сонце му се удвојува опасноста од рак на кожата Меланома“ вели Јусуфи.
Во овој случај треба да се направи разлика со неколкуминутно изложување на сонце, кое несомнено има свои придобивки, вклучувајќи синтеза на витаминот Д кои игра улога за здравјето на коските, ослободување на хормонот серотонин, поинаку познат како хормон на среќата, како и придобивки за многу болести кои како третман го имаат самото сонце.
Според Јусуфи, проблемот настанува од прекумерното изложување на сонце, кое ослободува два вида зраци кои имаат различни последици врз кожата.
„Од сонцето се распределуваат ултравиолетовите зраци, а оние што се одговорни за штетата која настанува на кожата се од два вида: ултравиолетови зраци А, кои имаат долги бранови и ја оштетуваат кожата во подлабоки слоеви и ултравиолетовите зраци Б, кои имаат кратки бранови и ја оштетуваат површината на кожата. Ултравиолетовите зраци А се причинители за предвремено стареење, додека ултравиолетовите Б се причина за изгорување на кожата и двата вида заедно се причина за канцерогени заболувања“, додава Јусуфи.
Прекумерното изложување може да доведе до разни оштетувања, кои како последици, освен што ја имаат естетската страна, ја имаат и појавата на рак.
„Оштетувањата од сонцето може да бидат краткотрајни, како изгорување кое се појавува со воспаление и со различни степени, или долгорочни оштетувања како: пигменти, промена во текстура, појава на капилари, флеки, итн. Сончевите зраци предизвикуваат оштетување на колагенските и еластинските влакна, а како последица на тоа започнува предвременото стареење. Сите овие се негативни козметички ефекти“, додава естетичарката Јусуфи.
Дерматолог Лулије Ибраими Јахја вели дека немаме возрасна група која е цел на овој вид на рак, но се почести случаи се забележуваат кај 50-годишниците и на одредени предели на телото.
„Може да погоди секоја возраст но највисоката инциденца е од 50-годишна возраст. Пределите каде најмногу се појавува се: лицето, вратот, грбот и екстремитетите, вели дерматологот Лулије Ибраими Јахја.
Според податоците на Извештајот за рак во РСМ од 2011-2020, објавен од Институт за јавно здравје на РСМ, од вкупно 6808 случаи на рак, 550 случаи годишно се регистрирани како рак на кожа, од кои секоја година се забележани 65 смртни случаи. Најчести случаи на рак на кожа се јавуваат кај мажи, со 328 случаи годишно, додека 222 случаи се јавуваат кај жени. Во овој извештај е опфатен и бројот на смртни случаи од овој вид на рак, па така годишно се регистрирани 42 смртни случаи кај мажи со рак на кожа, а 23 смртни случаи кај жени. Ракот на кожата е еден од најчестите видови на рак, така што во Извештајот за рак на РСМ од 2011-2020 година го зазема третото место. Од вкупно 66.940 регистрирани случаи на рак во деветгодишниот период, 5.502 случаи припаѓаат на рак на кожа, што го рангира на трето место по ракот на белите дробови и рак на дојката. Од овие случаи, 3.281 се мажи кои им претходат на жените со 1.060 случаи повеќе, така што во периодот од 2011-2020 година се регистрирани 2.221 случаи на жени со рак на кожа.
Др. Лулије Ибраими Јахја објаснува за видовите како и степенот на опасност на секој од нив.
„Имаме неколку видови на рак на кожа:
Во разговорот со дерматологот Ибраими Јахја, таа не советува да бидеме внимателни со нашата кожа и контролите кај дерматолог треба да бидат дел од нашата агенда во случај да приметиме промени на кожата.
„Проверувајте ја својата кожа еднаш месечно почнувајќи од лицето, главата, предниот дел на градниот кош, грбот, меѓу прсти и екстремитетите, и ако приметите и најмалата промена на вашата кожа не треба да ја занемарувате туку посетете го вашиот дерматолог“, вели Ибраими Јахја.
Ракот на кожата, иако е доста чест, сепак може да се излечи и РСМ ги поседува средствата за негово лечење, вели Лулије Ибраими Јахја.
„Со рано откривање на ракот на кожата, може да се излекува. Методите на лекување се: локални и хируршка интервенција. Се користи локална терапија: имуномодулатор и криотерапија со течен азот. Република Северна Македонија се наоѓаат потребните средства за лекување на рак на кожа“, вели Јахја.
За заштита од сончевите зраци во случај на прекумерно изложување, Аријанита Јусуфи не советува да користиме крема за сончање како и други средства.
„Заштитата е многу важна и има едно правило за фотопротекција кое го започнуваме со секојдневно користење на креми и лосиони со заштитен фактор од УВ зраците. Други мерки за фотопротекција за деновите кога УВ индексот е висок се: избегнување изложување на сонце од 11 до 16 часот, носење темни очила, користење капи, покривање на телото со тенка облека или шамија“.
Во разговор со естетичарката, таа ни кажа и дека нанесувањето на кремата за сончање мора да се прави на одреден начин за да ја постигне целта.
„Што треба да имаме предвид во однос на нанесувањето на заштитната крема за потполн ефект:
Нашиот контакт со сонцето е секојдневен, а со ова се зголемува и можноста за разни оштетувања на кожата. Затоа, применувањето на советите и препораките на лекарите е клучно за заштита и спречување на каква било непосакувана последица.
Новинарки: Ера Ѓакова и Арѓира Елмази
Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.
Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.