Градинките во Струга, 350 деца на листа на чекање
Недостатокот на капацитети за нови деца во струшките градинки е долгогодишен проблем. Без разлика што во овој град има две градинки: „Диели“ и „Флутура“ со капацитет од 410 деца, листата на деца кои чекаат е се уште доста долга.
„Нашата зграда има капацитет од 410 деца, додека на листата на чекање се уште 350 деца. Еден од главните услови за да едно дете се регистрира во група е двата родитела треба да се вработени. Што се однесува до воспитувачките кои работат со децата, во секоја група има по една воспитувачка, освен во делот за јасли 0-2 години каде се потребни повеќе“, изјави директорката на двете градинки во Струга, Јасемина Клецкароска.
За жал, родителите на многу од децата кои се на листата на чекање работат, дури се принудени да ги носат со себе на работа или да ги остават да поминуваат време користејќи електронски уреди, бидејќи нема кој да се грижи за нив.
Таков е случајот и на родителот Демиране Речи, која дели иста судбина со многу други родители.
„На листата на чекање сум веќе година и пол и се уште нема решение. Јас чистам соби со детето со себе, и исто така подготвувам храна по нарачка и често сум принудена да му го дадам телефонот за да можам да работам без да ме прекинува. Многу би сакала да има место за сите деца, не само како помош за родителите, туку и за социјалниот развој на децата“.
Во меѓувреме, Министерството за труд и социјална политика не презема одговорност да преземање на некаква мерка, нагласувајќи дека ова прашање е во надлежност на општината.
„Јавните установи за деца - градинки, основани од општините во Република Северна Македонија се посебни правни субјекти и Министерството за труд и социјална политика нема надлежност да дејствува во случај на регистрација/примање на децата во јавната установа за деца – градинка. Во исто време, градинките се тие кои ја организираат работата во градинката, а основачите на јавните установи за деца - градинките (општините) мора да најдат начин, имено дополнителен просторен капацитет (адаптација на простории) за примање и згрижување за другите деца кои се пријавени или се на листи на чекање“.
Од општина Струга велат дека се во разговори со Министерството за труд и социјална политика за реконструкција на градинка во овој град.
„Градоначалникот Рамис Мерко има покренато иницијатива со Министерството за труд и социјална политика за реконструкција на градинката 8 Март, која ќе нуди капацитет за 200 деца, а за ова е испратено барање за да се планира во буџетот за 2023. Исто така, со изградба на Основното и средното музичко училиште се ослободуваат просторите на поранешната градина, каде исто така ќе имаме капацитет за околу 150 деца. Се планира да се отворат дополнителни капацитети и во руралните средини бидејќи има барања од родители, во тој случај ќе се отворат нови работни места за воспитувачите, а ние како општина се обврзавме да, покрај придонесите, обезбедиме и дополнителни средства од општинскиот буџет.“
Но од оваа институција не даваат конкретни рокови за реализирање на овие планови. А до нивното реализирање, родителите на 350 деца кои се на листа на чекање ќе треба да најдат алтернативни решенија, додека дел од нив ќе ги придружуваат децата и понатаму во тек на работното време и место.
Проблемот со недостаток на градинки не е само во Струга, туку речиси во секој град во земјава.
Авторки: Арѓира Елмази и Ера Ѓакова
Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.
Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.