Се сушат платформите „Градско дрво“ поради неодржување

June 25, 2021

|

Language:Albanian

Се сушат платформите „Градско дрво“ поради неодржување

Четири години по поставувањето, еколошките платформи „Градско Дрво“ во Скопје и Тетово се запуштени. Растенијата што требаше да го подобрат квалитетот на воздухот за жителите на двата градови пресушија, додека технологијата во рамките на овие платформи е уништена.

Од здружението „Еко-Свест“, како носители на проектот, велат дека тие немаат никакви надлежности поврзани со овие инсталации, притоа потенцирајќи дека сопственици на овие платформи се Општина Тетово и Град Скопје.

„Тие добиле службена информација од нас во врска со причините кои предизвикале сушење на растенијата, финансиските средства потребни за отстранување на дефектите, враќањето на инсталациите во функција, како и ефектите од инсталациите врз локалниот квалитет на воздухот“, велат меѓу другото од „Еко -Свест“.

Од Град Скопје признаваат дека претпријатието „Паркови и зеленило“ е одговорна за одржување на еко-дрвото во Скопје, иако тврдат дека растенијата никогаш не биле променети по првичното поставување на платформата.

„Во периодот од јуни до август 2017 година, поради начинот како е дизајнирана самата инсталација, да се полни со вода преку резервоарот еднаш неделно, во периодот кога единствената цистерна во сопственост на ЈП „Паркови и зеленило“ беше во дефект и во комбинација со топлотниот бран што го имавме во тој период, за помалку од еден месец растенијата-мов се исушија. Од септември 2017 година, растенијата во инсталацијата не се променети“, изјавуваат од Град Скопје.

Од општина Тетово велат дека единствената обврска што ја имала оваа институција, односно полнењето на резервоарот со вода се вршела континуирано, но дека платформата претрпела дефект. Според нив, организацијата „Еко-Свест“ е информирана за ова, додека локалните власти го чекаат потребниот дел за санирање на дефектот.

„По неколку месеци, и покрај снабдувањето со вода, беше очигледно сушењето на растенијата и Општина Тетово го извести здружението „Еко-Свест“ за оваа појава, која ангажираше експерти, кои заклучија дека станува збор за дефект на пумпата за вода која пренесува вода со системот капка по капка од резервоарот до зелените делови. Општина Тетово чека набавка на деловите од здружението „Еко-Свест“, а потоа ќе ги покриеме трошоците за набавка на нови растенија со цел да ја заживееме вертикалната градина“, велат од Општина Тетово.

Платформата „ Градско Дрво“ е донација од Германската амбасада со посредство на „Еко-Свест“ во Скопје, како и од некои локални компании. Од амбасадата не прифатија да се изразат јавно, велејќи дека тие не се одговорни за одржувањето, но се надеваат дека наскоро ќе се најде решение меѓу општините и здружението „Еко-Свест“ за ревитализација на платформите.

Двете платформи чинат околу 50 илјади евра. Еколошките билборди се состојат од растенија и други ботанички суштества кои преку технологијата имаат за цел да собираат прашина и да го чистат воздухот во урбаните средини. Според службените информации, ова средство во текот на годината има капацитет да неутрализира 240 тони јаглероден диоксид, односно да го компензира загадувањето произведено од 417 возила, притоа произведувајќи кислород колку 275 дрва.

Скопје и Тетово честопати се на врвот на листата на најзагадени градови не само во земјата, туку и на светските ранг листи.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in