Продолжува нецелосното применување на Законот за државјанство и по една година од неговото донесување

July 19, 2022

|

Language:Albanian

Продолжува нецелосното применување на Законот за државјанство и по една година од неговото донесување

Продолжува нецелосното применување на Законот за државјанство и по една година од неговото донесување

 

 

 

Една година по усвојувањето на измените на Законот за државјанство, не е решен проблемот на многу лица на кои им се одбива државјанството. Иако се приметуваат позитивни движења, жалбите се се уште присутни кога се работи за потребните документи за уживање на ова право. Алијансата за Албанците го следи применувањето на законските измени кои ги иницираше и за кои инсистираше да се усвојат. Измените ќе им овозможат да добијат државјанство на значителен број граѓани, главно Албанци, на кои 30 години им беше ускратено правото на државјанство сметајќи се за опасни за државата, само благодарение на документ со кој се докажува дека живеат во територијата на земјата. Во едно интервју, координаторката на пратеничката група на Алијансата за Албанците Илире Даути зборува за пречките во применувањето на законот.

 

  • Како иницијатор за усвојување и стапување во сила на Законот за државјанство, дали го следите неговото применување и колку мислите дека е успешно?

 

„Од комуникацијата што ја имаме со граѓаните, може да кажеме дека има позитивни движења со фактот дека лица кои десетици години се одбиени, почнале да добиваат државјанство, додека некои продолжуваат и понатаму да се жалат дека применувањето на законот се одолговлекува. Меѓу најчестите жалби се барањата за доставување дополнителни документи кои не се предвидени во член 7 од Законот за државјанство“.

 

  • Колку лица се имаат здобиено со документи и можат да ги уживаат нивните права како и преостанатите граѓани на РСМ?

 

„Веруваме дека точниот број на лицата кои добиле државјанство или на лицата кои се во постапка можат да го дадат надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи“.

 

  • Дали сметате дека Агенцијата за национална безбедност е најголемата пречка за добивање на државјанство и која дека е причината според вас?

 

„Агенцијата за национална безбедност има свој удел на вината во однос на добивањето на државјанство, но не е единствениот попречувачки фактор. Истата, со последните измени на законот, е обврзана да најкасно за шест месеци од барањето на странките да одговори на барањето, во спротивно одговорот се смета за позитивен. Ова е една од измените која треба да го реши грчот со случаите кои со десетици години чекаат на одговор, а кои се илјадници“.

 

  • Дали имате сознанија како земјите во регионот го решиле прашањето на државјанство кој го наследиле од времето на бивша Југославија? 

 

„Сите искуство на земјите кои сметавме дека може да помогнат во изготвувањето на законот се земени предвид во фазата на изготвување на истиот, и затоа може да се каже дека е квалитетен и дека треба да се применува за да граѓаните го уживаат ова право“. 

 

  • Дали сметате дека ова беше најдоброто законско решение, или сметате дека ќе се произлезе потреба за дополнителни измени?

 

„Законот е изготвен врз основ на проблемите со кои се соочуваа граѓаните со истиот. Затоа сметаме дека, сега за сега, ги исполнува барањата на лицата кои имаа проблеми со Законот за државјанство. Сигурно дека кога ќе се промени природата на потребите во однос на Законот, ќе има и причина за други интервенции во законот.“

 

 

 

 Автор: Ера Ѓакова

 

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in