Основните училишта „страдаат“ за соодветни кадри за одредени предмети

March 26, 2022

|

Language:Albanian

Основните училишта „страдаат“ за соодветни кадри за одредени предмети

Многу основни урбани и рурални училишта видно го чувствуваат недостатокот на професионалните кадри што се однесува до природните науки како: математика, физика, хемија и информатика, како и одделенските групи. Во некои случаи овие недостатоци се пополнуваат од професори од други предмети кои ги предаваат овие природни науки, додека во други случаи професорите го продолжуваат својот работен однос наместо да одат во пензија.

Основното училиште „Лирија“ во селото Јаболчишта, општина Чашка во Велес, ризикува да остане без наставен кадар. Бројни се предметите за кои има недостиг од наставници, било одделенски или предметни наставници. Директорот на училиштето Јусуф Ахмети апелира невработените наставници да се јават во ова училиште кое, според него, ги исполнува сите услови за соодветен развој на едукативно образовниот процес.

„Ако гледаме хронолошки, нашето училиште постојано имаше требаа од наставници од други општини и тие ни помагаа. Сепак, сега имаме поголема потреба и нашиот фокус е на природните науки, математиката, физиката, хемијата, компјутерските науки и за првиот циклус, класната група. Во рамките на училиштето имаме и шест наставници кои доаѓаат од други општини, односно од Скопје и Куманово. Организацијата, патувањето од Велес до селото и сместувањето во текот на неделата, од понеделник до петок ја организираме ние, односно живеат во станови. Така, како основно училиште, им овозможивме да имаат минимум добри услови, со греење, патување и обезбедување.“

Со истиот проблем се соочува и основното училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“ во Арачиново, каде веќе трета година својот работен однос го продолжува наставникот по физика Сали Хаскај. Според него, погрешните реформи во образованието ја уништиле и избледнува волјата на студентите за предмети кои сега се дефицитарни.

„За жал, сè уште работиме со Кембриџ програмата што според мене е потполно погрешна реформа. Овој материјал е целосно промашен. Не само што има многу грешки во книгите туку е и многу едноставен, учениците учат многу малку. За да биде материјалот по физика поинтересен за учениците, дефинитивно треба книгите по физика да се повлечат од употреба, да се  состават од автори, имаме доволно вешти луѓе, да се подготват нови предмети и што е најважно, за да се роди љубовта на учениците кон предметот физика училиштата дефинитивно треба да се опремат со наставни помагала и кабинети по физика“, вели Сали Хаскај.

Основното училиште „Дитуриа“ во село Лукаре со години се соочува со овој недостиг поради што најголемиот дел од наставниците предаваат предмети кои не се во нивната област на студии. Како резултат на овој недостаток, наставникот Хузеир Мустафи е принуден да предава предмети кои не се негова област.

„Јас сум дипломиран на Правниот факултет и магистер по политички науки, но повеќе од една деценија предавам и предмети како англиски јазик и информатика. Се трудам чесно да ја вршам оваа работа, но не можам да кажам дека се чувствувам удобно, бидејќи не можам да го дадам максимумот“, вели Хузеир Мустафи.

Споменатите наставници велат дека многу од учениците не прават разлика што се однесува до квалитетот на професорите кои предаваат предмети од нивна област на студии и оние кои едноставно покриваат одреден предмет поради недостиг на кадар. Тоа е затоа што многу од овие ученици никогаш немале компетентен наставник за одреден предмет.

Алба Рустеми е ученичка од седмо одделение. Таа и многу други всушност страдаат пореди недостатокот на кадар за некои предмети.

„Во седмо одделение, меѓу новите предмети го имаме и тој по биологија. Во првото полугодие изгубивме доста часови од овој предмет бидејќи наставникот по биологија беше на боледување, имаше здравствени проблеми. За ова време никој не дојде да го замени. Во училиштето ни рекоа дека не можат да најдат замена за овој предмет, нема наставници по биологија“, вели ученичката Алба Рустеми.

 

Според Министерството за образование, недостигот на кадар во училиштата за одредени предмети е резултат на недостигот на инвестиции во одредени факултети во минатото.

„Природно-математичкиот факултет со години или 15 години алармира за потребата од одредени инвестиции во тој факултет, за стипендии. Сега се удвоил бројот на студенти на Природно-математичкиот факултет, токму во оние области за кои имаме потреба да во иднина станат наставен кадар во основните училишта. Сите институции мора навремено да го испланираат кадарот кој ќе биде потребен, не денес, туку по 10, 15, 20 или 30 години, бидејќи тоа се стратешки инвестиции кои дополнително го овозможуваат образовниот систем“, велат од Министерството за образование.

Повторно испративме прашања до Министерството за образование и наука, за кои не добивме одговори. Прашањата беа следниве: 

- Кои се краткорочните и долгорочните планови на Министерството за образование за решавање на проблемот со стручниот кадар по различни предмети со кој се соочуваат многу училишта?

- Дали министерството има проценка колку училишта се соочуваат со овој недостиг на кадар и приближно колку наставници по одредени предмети се потребни во целата територија на земјата?

- Колку време е потребно да се реши овој проблем, имајќи предвид дека покривањето на одредени предмети од наставници кои немаат академска обука од таа област, остава последици во образованието на учениците?

Проблемот, кој е сериозен, ќе продолжи да остава уште посериозни последици во академската подготовка на новите генерации, најмалку уште неколку години.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in