СПЕЦИАЛИЗАНТИТЕ БАРААТ ПОДЛАБОКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЗДРАСТВЕНИОТ СИСТЕМ

August 2, 2021

|

Language:Albanian

СПЕЦИАЛИЗАНТИТЕ БАРААТ ПОДЛАБОКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЗДРАСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Во Македонија има приватни и државни специјализанти по медицинските науки. Приватните специјализанти се всушност невработени млади лекари коишто аплицираат на приватна специјализација, односно тоа подразбира дека тие сами ја платата специјализацијата. Додека, државните специјализанти се веќе вработени млади лекари, коипто од својата матична установа добиваат таканаречено доупатување, односно, добиваат упатница во која гранка би специјализирале. Тие не ја плаќаат специјализацијата и во својот работен однос имаат одредена плата. Со последните законски измени, сега приватните специјализанти, добиваат платен надоместок за своето работење (привремено ангажирање во текот на специјализацијата) преку договор на дело со матичната установа. Александра Георгиева e претседателка на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС). Таа е исто така приватен специјализант по Кардиологија. Специјализантите во нашата земја за подолго времее се соочуваат со еден куп проблеми при овој процес, при својата работа, ангажман, надомест и неизвесност за “што после?”.

Автор: Арта Сефадини

Г-а Георгиева, пред неколку недели се објави дека дека е постигнат договор со Министерството за Здравство за вашиот сатус (приватните специјализанти) во здраствениот систем. Што всушност претставуваат платените дежурства и здраственото осигурување за приватните специјализанти?

Да тоа беше голем проблем, затоа  што предизвикуваше фрустрација кај младите лекари. Најпрвин  се појави поделба. Државните специјализанти кои дежураат со вас, во истата клиника, истата вечер, ја работат истата работа, едниот е платен, а приватниот специјализант не е платен, за истите работни обврски. Во принцип дежурставата се меѓу 18-24 часа. Во периодот на ковид, бидејќи имавме недостаток на кадар, кој е повлечен во ковид центрите, некои колегии имаа и до 8 дежурства месечно. Дополнително е одговорноста на професијата. Значи, постојано има прегледи, работа, има одговорност кон пациентите кои во моментот се хоспитализирани. Апсолутно е нонсенс за таква тешка стручна работа некој да не биде платен.  Првата пресметка за платени дежурства  здружението ја донесе во Министерство во 2019 година и сега се пристапи кон конечно решавање на проблемот. Се надевам со јулска плата колегите конечно ќе можат да почуствуваат сатисфкација за својата работа. И од 1 Јули 2021 година приватните специјализанти коишто не се осигурувани ќе остваруваат право на осигурување, што значи дека ќе може да ги користат услуги на здраствениот систем во којшто работат.

Дали овие промени претставуваат трајно и добро решение?

Апсолутно дека не претставува трајно решение, бидејќи за да го интегрирате еден доктор во системот, за државата да има бенефит од нас,  мораме да бидеме вработени. Само така ќе бидеме дел од здраствениот систем, и тогаш здраствениот систем ќе се екипира, и ќе можат да се пополнат дупките, недостатоците, особено во внатрешноста на Македонија.

Еден специјализант добива 26 илјади денари надоместок од државата за еден месец во текот на специјализацијата. Дали овие 26 илјади денари се доволни да се покриваат трошоците на еден специјализант, кој  нема други приходи?

Во принцип доколку ја минусирате сумата што приватниот специјализант ја плаќа кон Деканатот (за специјализација) а која изнесува околу 14 илјади месечно, всушност примањата се преполовени, 13 илјади денари се чистите пари. Да, не станува збор за некоја импозантна сума во никој случај, но сепак е позитивна промена, бидејќи пред три години ниту еден приватен специјализант не земаше никакви примања, работеа бесплатно. Ние во иднина се надеваме дека ќе има покачување на таа плата.

Дали со овој договор кој е постигнат на вас, како приватни специјализанти, ви следува породилно отсутво? Дали треба да ја паузирате специјализацијата?

Секој приватен специјализант како и државен ја прекинува специјализацијата за време на породилното отсутво. Договорите на дело на приватните специјализанти се поврзани со турнусите, со процесот на едукација. Во моментот кога ќе ги прекинат турнусите, ќе го изгуби надоместокот од 26 илјади денари. Што значи, има право да се породи на Гинекологија безплатно, но нема да има плата. На некој начин тоа е нарушување на правата на репордукција на секоја жена, бидејќи вие сте оставени во ситуација да бирате меѓу тоа  дали ќе имате семејство или ќе имате плата.

Во почетокот на оваа година Министерството за Здравство најави дека ќе има вработувања на 250 приватни специјализанти. До каде е реализацијата на ова ветување?

Тоа беше изјава на министерот, што навистина ја изради секој приватен специјализант. 250 е вкупната бројка на приватните специјализанти моментално во државата, и тоа би значело трајно вработување за секој доктор на специјализација. Сега за сега, не се отворени конкурси за вработувања. Тоа би било во некоја иднина, се надеваме не далечна.

Во последните години има голем одлив во странство на младите доктори и идните специјалисти. Зошто мислите дека се случува ова, и на каков начин можеме да го намалиме овој одлив?

Навистина има лекари кои што можат да им бидат на услуга на луѓето кои цел живот плаќаат здраствено осгиурување, и во некој моментот имаат потреба да ги користат услугите на здраствениот систем. Токму затоа ние инсистиравме дека не треба да постојат невработени лекари во државата. Нашето единствено решение е да го задржиме кадарот коишто самите го генерираме. Секој  млад лекар, коишто стигнал до Медицински Факултет, тој образовен процес чинел 10 илјади евра, коишто државата го платила. Германија  ќе добие готов лекар, високо стручен кадар, во кој не инвестирала ниту еден денар.

Освен големиот одлив на стручен кадар, имаме недостигот на кадар и затоа што дел од специјалистите се пензионирани, а дел чекаат да се пензионираат. Дали имате некоја претстава каде најмногу недостигаат кадри?

Најголем проблемот е во внатрешноста; во централна Македонија, во источна Македонија, во помали градови… се случува во цел еден регион да немаме ниту еден гинеколог. Најхроничен, голем проблем е недостигот на анестезиолози. Станува збор за исклучително тешка напорна и долга специјализација. Многу мал број на колеги се одлучуваат да специјализираат анестезиологија, а од друга страна претставуваат идеален ресурс за повлекување во Франција, Германија, бидејќи голем дел од нив по завршувањето на специјализацијата си заминуваат.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in