Добротворноста и хуманизмот душевно ме потхрануваат-Интервју со Егзона Казиу

April 16, 2022

|

Language:Albanian

Добротворноста и хуманизмот душевно ме потхрануваат-Интервју со Егзона Казиу

Неповолната економска ситуација и слабите социјални политики доведоа многу семејства на работ на егзистенција. Некои преживуваат со минимални примања на социјална помош, а некои со привремена алтернативна работа. Има и такви кои немаат никакви примања. Различни хуманитарни здруженија, како и индивидуални хуманисти дејствуваат низ целата земја за да ги откријат најлошите случаи на сиромаштија и да им помогнат со храна и неопходни нешта. Нивната работа е потполно доброволна и се води само од желбата да им се помогне на луѓе кои имаат потреба. Таква е Егзона Казиу, по професија е наставничка, но која е позната по својата хуманитарна дејност во Дебар. Таа ја донираше својата прва плата на луѓе на кои им беше повеќе потребна од неа и оттогаш не престана да помага.

Што ве мотивираше да се занимавате со хуманизам? 

Јас сум пораснала во хуманистичко семејство, сум го наследила од мајка ми. Таа има изградено неколку куќи во минатото со помош на други донатори.  Сум видел и слушнала разни приказни кога мајка ми зборуваше со татко ми за случаите што ги има видено. Бев трогната но никогаш не се изразив гласно за тоа. Судбината сакаше да се вработам во образованието, во основно училиште како наставничка по биологија, каде се соочив со реалноста и со свои очи видов во какво ниво на сиромаштија живеат повеќето од овие ученици, кои немаа основна опрема за школување како се тетратка и молив. За повеќето од нас ова може да ни изгледа абсурдно, но да, тоа беше моментот кога одлучив да ја дарувам својата прва плата на три семејства 

кои имаа потреба. Обезбедив основна храна

 и решив да ја објавам на социјалните мрежи како „Анонимен дарител“. Ова е прв пат јавно да зборувам. Од оваа објава, членовите на семејството од дијаспората почнаа да ме контактираат, сакајќи да придонесат за ова патување кое веќе го започнав. Тука сфатив дека не грешам и решив да не престанам.

 

Колку беше тешка оваа иницијатива? Кажете ни малку за одлучувачкиот момент!

Ќе се изненадите! ВООПШТО! Нормално е дека бара посветеност и вложување време, но јас веќе си ја поставив како животна цел и тоа што го работам ме збогатува духовно. Бев изненадена од тоа колку брзо луѓето изградија доверба во мене и колку беа спремни да придонесат, како физички така и финансиски. Но, не сакам да го занемарам делот на мојата транспарентност за сè, со сметки и фотографии. Можеби тоа е една од причините зошто успеав да изградам доверба кај овие луѓе.

        

Дали чувате во себеси некој емотивен момент од овие искуства?

Јас сум започнала со мала финансиска помош, за обезбедување основна храна за семејствата кои имаат потреба, и сум видела сиромаштија на различни нивоа и секој случај имаше емоционално влијание врз мене.

 

Беше еден од оние обични денови на училиште и одеднаш имам повик од еден родител кој со низок глас ми вели „Ми треба помош, сум слушнал дека ти помагаш“, се збунив и бев на сред час, ја оставам наставата и одам на местото што го договоривме да се сретнеме. Спротивно

од местото каде требаше да се сретнеме видов амбулантна кола и еден маж со дете кое го 

држеше за рака, кој се сврте кон мене и откога се претстави, ми вели: „Мојот 12 годишен син е дијагностициран со леукемија! Не знам што да правам, штотуку излегов од болница, дојдов со амбулантна кола и со документите кои ми ги дадоа во болница. Ми рекоа дека треба итна интервенција, но јас немам никакви финансиски примања, дури не сум ни вработен“. Се изгубив за еден миг! Го земам детето и му велам на келнерот да го занимава малку и да му ги покаже слатките, за да можам малку послободно да зборувам со неговиот татко. Разговаравме, ги видов документите, анализите и се, и за жал беше вистина. Приемот и интервенцијата што момчето требаше да ги направи во Турција чинеше 88.000 евра. Со придонес на наставничката Арјета Керлуку која со директен контакт со докторот од Турција постигна договор за цената од 120.000 до 88.000 евра. Исто така посебен придонес на Дибран Бегут од Соединетите Американски Држави кој отвори „GoFundMe“ каде беа собрани 66.000 долари. Иницијативата беше сеопфатна, со различни донатори и големи суми.

Ја постигнавме целта, успеавме да собереме пари, средства, превоз и се. Ништо не остана што не направивме, од она што можеше да се направи финансиски мислам... но за жал, 12-годишниот Илхан Незовски од дебарското село Бруштец не преживеа. Ова е случај за кој плачам и ден денес кога ќе се присетам.

Колку влијаеше зголемувањето на цените кај сиромашните социјални случаи?

Право да ти кажам Влора, многу. И од зголемувањето на цените но и како последица на пандемијата. Имам случаеви, да не кажам повеќето луѓе, со слаба економија. Тие ги изгубија членовите на семејството кои до вчера обезбедуваа барем малку од основните намирници, а сега овие деца не само што остануваат сиромашни, туку и сираци. Како да целата пандемија да не беше доволна, зголемувањето на цените е дополнителна тешкотија.

Има случаи и денес, во 21 век луѓето сè уште да немаат електрична енергија дома, а ако ја споредам 2021 година со 2022 година бројот на семејства кои имаат потреба е многу поголем, за жал.

Кои се вашите цели во иднина како хуманистка?

Веќе две години имам за цел да отворам хуманитарно здружение во Дебар за луѓе кои имаат потреба, но причината која ме забави е загубата на татко ми. Тој почина од рак на белите дробови пред речиси две години, за време на пандемијата, и ми требаше малку повеќе време за себе. Но, ова е мојата цел што сакам да ја постигнам во следните 5 години.

 

Што би сакала да им порачаш на оние кои го прочитаа ова интервју? 

Немам зборови да го опишам чувството на насмевките на тие деца или луѓе кога ќе ме видат, иако здружението сè уште не е отворено, хуманизмот продолжува до таму што јас заедно со хуманитарното здружение „Дрита“ Дебар, и неуморниот придонес на г-дин Хаџи Нери Керчишта, сме при завршување на изградбата на 3 куќи, и многу сум среќна што заедно со донаторите успеавме да го донесеме лето во животот на овие луѓе, и тоа ме исполнува духовно, ми стана душевна храна. Сакам само да цитирам една изрека на Мајка Тереза;

 „Не сите ние може да правиме големи работи, но можеме да правиме мали работи со голема љубов“.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in