На учениците им е нарушено правото да се информираат од наставниците за сексуалната репродукција

July 19, 2022

|

Language:Albanian

На учениците им е нарушено правото да се информираат од наставниците за сексуалната репродукција

Учениците во основните и средни училишта неретко се лишени од знаењето поврзано со сексуалната репродукција бидејќи многу наставници и професори избираат воопшто да не го предаваат ова поглавје. А.З, средношколка, раскажува за причината и последиците од изоставување на ова поглавје.

„Наставникот не ни го предаваше поглавјето за сексуалната репродукција. Ни образложи дека не е толку потребно за нашата возраст да имаме познавања околу оваа тема. Немањето основни информации од училиште за мене претставува пречка, и како последица на ова, и тие малку информации кои ги имам, сум ги добила од социјалните мрежи“.

Наставните програми предвидуваат поповршна настава за биолошкото познавање на телото и репродуктивните органи од шесто одделение. Во деветто одделение од учениците се очекува подетално да научат за менструалниот циклус, гениталиите и сексуално преносливите болести. Во трета година средно, учениците се враќаат на оваа тема за повторно да научат за човечкиот репродуктивен систем. Обично овие поглавја се последни во наставната програма и во учебниците и честопати не се стигнува до нив.

Рамадан Сали -  професор во средното училиште „Зеф Луш Марку“, вели дека за него предавањето на оваа деликатна тема не е проблем, но често доаѓа до откажување од предавањето поради позиционирањето на ова поглавје во наставните програми.

„Знаејќи дека учениците треба да имаат претходни знаења бидејќи овие теми се предаваат и во основно училиште, јас немам проблем да ги обработам. Главниот проблем е што во првата година репродукцијата кај живите суштества мора да се обработи за еден час, додека во третата година имаме посебно поглавје за размножување кај луѓето, но често до тоа не се стигнува бидејќи тоа е последната тема. Главната причина за тешкотијата на предавањето е нивото на самосвест на студентите за овие теми, особено кога тие се зборуваат пред пошироката јавност“.

Тој додава дека средношколците немаат информации за сексуалното репродуцирање од основно, но дека предвидениот материјал во наставните програми е доволен за учениците и дека семејното образование е клучно и одлучувачко.

 

„Во суштина, учениците немаат доволно знаење и често и тоа малку знаење им е погрешно бидејќи го добиваат од различни извори, посебно од социјалните мрежи. Ова води до мноштво грешки. Мое мислење е дека планираното училишно образование, доколку се примени онака како што е предвидено, би било доволно од академски аспект, но семејното образование сигурно дека има клучна улога во тоа и често е одлучувачко“.

 

Во тек на разговорот, Рамадан Сали исто така ни укажа и на широкиот спектар на последиците од неинформирање.

„Последиците од недостатокот на познавања околу репродуктивното здравје можат да бидат бројни, почнувајќи од личната хигиена, спречувањето на пренесувањето на сексуално преносливите болести до планирањето на семејството и непосакуваните бремености“. 

Наталија Ацеска, Советничка по биологија во Бирото за развој на образованието, како институција која се занимава со текот на воспитно-образовниот процес во училиштата, вели дека појавата на непредавањето на поглавјето за сексуална репродукција не се совпаѓа со реалноста во образованието и дека напротив, овие теми предизвикуваат љубопитност кај учениците.

„Ние веруваме дека информацијата која вели дека наставниците по Биологија не ја предаваат содржината поврзана со сексуалната репродукција не се совпаѓа со реалната ситуација која ние како Биро за развој на образованието сме го виделе во текот на нашата работа како советници и професионална работа во тек на посетите во училниците. Напротив, сметаме дека часовите поврзани со сексуална репродукција секогаш предизвикуваат поголем интерес и љубопитност кај учениците, па често сме сведоци на дискусии иницирани од самите ученици“.

Невладината организација ХЕРА, кој одблиску се ангажира за што поголемото информирање на учениците во врска со сексуалната едукација, ги истакнува последиците кои се резултат на немањето формални информации за репродуктивниот систем, од незнаењето како функционираат репродуктивните органи, непланираните и рани бремености до здравствените последици.

„Стапката на абортуси поради непланирана бременост кај адолесцентите во Македонија е 11% и е меѓу највисоките во Европа. Што се однесува до заштитата, 1/3 од сексуално активните млади луѓе во Македонија не користеле никаква заштита, додека здравјето на машките и посетата на лекар е се уште табу тема. Ова е само мал дел од податоците кои покажуваат дека младите не се доволно информирани и заштитени во однос на сексуалното и репродуктивното здравје“.

 

Наместо информации од неверодостојни извори, информациите од формалното образование ќе ги освестат учениците за сексуалното здравје, велат од ХЕРА.

  

„Навременото образование е превентива, додека дезинформациите се уште поопасни од немањето информации. Младите кои бараат одговори често се информирани од нерелевантни извори кога во однос на нивното здравје. Најчесто се информираат на Интернет, социјалните мрежи и преку различните искуства на нивните врсници. Кога овие информации доаѓаат од проверени извори како што се медицинските установи и од училиштата и наставниците, младите луѓе од мали нозе стануваат одговорни и свесни за своето здравје и благосостојба“.

Овој намерен пропуст на наставниците не се случува во сите случаи. Ф.К., ученик во средно училиште спаѓа во категоријата среќници каде професорката по биологија во основно училиште го предавала поглавјето за сексуална репродукција.

„Да, во основно сме имале настава по сексуална репродукција и наставникот ни предавал. Затоа се чувствувам посигурно заради знаењата со кои сум се здобил и сметам дека секој треба да ги научи овие основни работа за да бидат повнимателни.“

За да им се предава овој дел од Биологија, Рамадан Сали ни покажа метода како наставниците да пристапат кон сексуалната репродукција. 

„Пристапот на професорите треба да почне од поопширно, почнувајќи од познавањата за размножување кај живите организми, потомството како животно чудо, разни болести кои се пренесуваат преку полови односи, планирање на семејството и сл.“

 

Се додека институциите не прифаќаат или немаат информации дека овие пропусти се прават од наставниците и не се нуди решение или санкции, значи дека предавањето ќе продолжи да зависи од личната волја на наставниците.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in