ЌАНИЈЕ СЕЛИМИ: ЖЕНИТЕ СÈ УШТЕ НЕ СЕ ТРЕТИРААТ СЕРИОЗНО ВО БИЗНИС

August 28, 2021

|

Language:Albanian

ЌАНИЈЕ СЕЛИМИ: ЖЕНИТЕ СÈ УШТЕ НЕ СЕ ТРЕТИРААТ СЕРИОЗНО ВО БИЗНИС

Ќаније Селими е основач и директорка на Центарот за деца и образование „РЕА“ во Тетово од 2013 година. Во исто време е член на Управниот одбор на СКСЗМ, основач на Групацијата за деловни жени на СКСЗМ и активист на женски организации. Исто така беше основач на Одборот на УСАИД за поддршка на жени во претприемништво. Во моментов е избрана за секретар на Општинскиот социо-економски совет во Тетово. Во исто време таа е потпретседателка на Здружението на приватни градинки во СРМ, основано за време на пандемијата.

Автор: Фисник Џелили

Пандемијата погоди тешко многу претпријатија кај нас. Според вас, г-ѓа. Селими, дали имаше разлики во падот со кој се соочија претпријатијата управувани од жени и претпријатијата управувани од мажи?

“Не можам да зборувам со бројки за статистика, бидејќи тоа не е мој дел, но од она колку сум информирана, се разбира дека има многу голем пад на многу претпријатија, без оглед дали се основани од мажи или жени ”

Како успеа да преживее вашиот бизнис во тек на пандемијата?

„Главната причина за неуспешноста на многу претпријатија беа недоволните субвенции и пакети од владата за да се одржи бизнис отворен и да се надмине состојбата со пандемијата. Во овие пакети беа вклучени само платите на работниците, а всушност едно претпријатие, за да опстане како такво, нема само плати на работниците, туку има и многу други фиксни трошоци, кои за многу претпријатија беа ненадминливи. Беше тешко да се разбере и за нас. Се обидовме да најдеме можности, ги искористивме резервните средства што ги имавме за да го одржиме бизнисот во живот и покрај тоталното затворање што го имавме како институција за шест месеци. Исто така, се обидовме да добиеме и други проекти за да можеме да продолжиме таму каде што сме застанале.“

Дали претприемништвото е дополнително попредизвикувачки за жените?

„Кога сум започнала со претприемништво, во 2008 година, за мене беше двоен предизвик, бидејќи тоа беше периодот кога само што се омажив и се соочив со голем број предрасуди, бидејќи општеството очекуваше нешто друго од мене и дека не ќе можам успеам. Како и да е, јас се предизвикав себеси и бев спремна и за работата бидејќи си имав поставена цел пред себеси. Одлучив со мојата работа и дела да го скршам мразот и да докажам дека, не само јас, туку секоја жена може да успее и да ги оствари своите сништа “, нагласува Селими.

 Која е улогата на образованието во духот на родова еднаквост во создавањето на едно успешно претпријатие или профилот на успешен/на претприемач/деловна жена?

„Јас веќе девет години работам со формирањето на децата од многу рана возраст и гледам што можете да дадете кај едно дете и како може едно дете да се формира на оваа возраст. Ако децата развијат самодоверба на рана возраст, тогаш во иднина им е многу полесно да се соочат со надворешниот свет и предизвиците. Ако детето е погрешно формирано од детството, тогаш последиците ќе ги почувствува целото општество. Од оваа причина, ние мора подобро ги да развиваме и образуваме новите генерации за утре тие да не претставуваат на најдобар можен начин “, додава Селими, меѓу другото.

 Колку се жените подржани од институциите за да „стојат на свои нозе„ во претприемништвото?

„Централните и локалните власти не се доволно вклучени во поттикнувањето на жените да инвестираат и да се вклучат во претприемништво. Но, колку и да се обидува локалната власт да ги поттикне жените и девојчињата да се занимаваат со претприемништво, доколку тие немаат самодоверба и стручно оспособување, е скоро невозможно, бидејќи за да се вклучите во деловниот предизвик треба да бидете обучени и подготвени однапред, и ментално и професионално; за да бидат во можност да ги искористат можностите, грантовите, субвенциите што ги нуди локалната или централната власт. Мора да се трудиме во искористување на овие можности “.

 Дали сè уште постои разделна линија меѓу мажите и жените во претприемништвото?

„Имам среќа што мојот сопруг е исто така во полето на претприемништвото и тоа ми помогнало да ги видам овие работи подобро. Ни се случило, ние сме две различни компании со мојот сопруг и во моментот кога сум се претставила како претприемничка, барањето не беше земано во предвид, а во моментот кога мојот сопруг се претставил како претприемач, барањето веднаш било разгледано. Во нашето општество има поголема доверба кај мажите отколку жените во однос на претприемништвото, но истото мора да се промени и да не остане така.“

Дали ова се одразува и на хартија?

„Многу претпријатија ги држат и водат жени, но тие се регистрирани на име на мажите во централниот регистар. Кога се прават поделби и статистики за тоа колку бизниси водат мажи, а колку жени, процентот на жени е многу помал отколку што реално е.“

Вашето претпријатие ја доби наградата за најуспешно претпријатие предводено од жена за 2020 година од СКСЗМ. Како го опишувате ова?

„Беше изненадување, бидејќи наградата ми е поделена во најтешкото време, за време на пандемија, кога голем дел претпријатија пропаднаа. Јас сум работела напорно, без да размислувам дека утре би можела да бидам наградена со ваква награда. Беше нешто неочекувано. Велам дека сè уште не сум го достигнала врвот, имам уште многу работи да направам, но ова беше апсолутно голема мотивација за мене за да продолжам да работам уште посилно за да стигнам таму каде што сакам “.

Пораката на Селими до сите млади девојки е да не ги оставаат соништа во фиока, туку да работат напорно за да ги постигнат своите цели, а на предрасудите им нема место на овој пат. Инспирација за неа се две локални деловни жени кои водат успешни претпријатија, Гезиме Фејзи и Мерита Рамадани-Алими, како и поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, со која имала можност и приватно да комуницира во овој дух.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in