Застапеноста на жените во собранието, пониска од на мажите

April 19, 2021

|

Language:Albanian

Застапеноста на жените во собранието, пониска од на мажите

Жените и понатаму се недоволно застапени во Собранието на Северна Македонија. Самиот факт дека постои квота од 40% на застапеност на жени на листите на политичките партии, односно секоја трета на листа треба да биде жена, чини да дискриминацијата биде законска.

Една ретроспектива до 1990 година, каде што сè започна

Првото Собрание на РСМ се избра во 1990 година,а што се однесува до застапеноста на жените, беше скоро непостоечко, само пет од 120 избрани пратеници беа жени, а собранието од 1994 година бележеше намалување во однос на застапеноста на жените, од 120 пратеници само четири беа жени. Бројот на пратенички се удвои на следното собрание од 1998 година, кога жените беа застапени со 9 пратенички места.

„Главната причина за сериозниот недостиг на жени во првите три парламентарни состави е ниското ниво на демократија на политичките партии, кое резултираше со исклучување на жените од процесот на избирање“, вели Марко Трашановски, директор на Институтот за Демократија СоциетасЦивилис.

Квотата од 30%, најдоброто решение за тоа време

Во 2002 година, во Законот за избор на пратеници се воведе квотата од 30% учество на помалку застапениот пол на листите на кандидати за пратеници, како решение за ниската застапеност на жените во Собранието.Во Собранието на 2002 година бројот на пратенички бележи зголемување, и тоа со 21 од 120 пратенички места. Но ова не ги донесе посакуваните резултати, партиите имаа тенденција да манипулираат и да ги стават жените на крајот на листите, и шансите за да тие се изберат беа доста мали.

На секои три места, едно му припаѓа на помалку застапениот пол

Позитивни промени имаше во Изборниот законик од 2006 година, така што налистите на кандидати за пратеници, секој трет кандидат требаше да биде од помалку застапениот пол. Жените сега обезбедија 37 места во Собранието на 2006 година. Бројот на жени пратенички остана ист во Собранието на2008 година, пак имаше 37 пратенички. Намалување за едно пратеничко местоимаше во Собранието на 2011 година, жените беа застапени со 36 од 120пратенички места.

Како и да е, и покрај зголемувањето на бројот на жени пратеници, некои од партиите вршеа притисок врз жените пратеници за дасе откажат од нивните мандати и да се заменат од нивните машки колеги. Ова резултираше со промена на Изборниот законик во 2014 година, кој налага да ако мандатот на една жена завршува, таа се заменува со друга жена од листата на кандидати. Во Собранието на 2014 година жените обезбедија 40 мандати.

 

Зголемувањето на квотата од 30% на 40%

Во 2015 година повторно имаше измени во Изборниот законик, и овој пат се воведе квотата од 40% на застапеност на помалку застапениот пол, така да еден од три кандидати требаше да биде од истата група. Ова беше несомнено најголемиот позитивен чекор преземан по ова прашање, бидејќи рекордот на застапеност на пратенички во Собранието го држи Собранието на 2016-тата година, со 46 пратенички.

Сегашното Собрание, конституирано на 30 август 2020 година, бележи намалување на застапеноста на жени пратеници во споредба со претходното Собрание. Во моментов жените се застапени со 43 пратенички места.

Инфографик 1: Број на жени пратенички кандидирани и избрани во Собранието на РСМ (1990-2020) во %.

Јана Коцевска, основач на Здружението за промоција на женската активност Тиииит!, која е дел од Платформата за родова еднаквост, верува дека само исполнувањето на квотите како мерка за рамноправна застапеност на родовите во политиката, не мора да значи и подобрувањето на состојбата на жените. поред неа, во овој контекст, во земјата има еден број на жени на одлучувачки политички позиции, чија агенда се во главно партиските интереси.

Жените на Парламентарни комисии

Правната рамка во државата и ефективноста на парламентарниот надзор над извршната власт се под големо влијание на парламентарните комисии. Жените се исто така недоволно застапени и во овие собраниски групи.

Според една студија на Интерпарламентарната унија (УНДП), се вели дека пратеничките кои во мал процент се дел во одредена комисија, се соочуваат со предизвици кога треба да се слушне нивниот глас за нивните права.

Жените се недоволно застапени во повеќето случаи во истите комисии. Најнизок процент на жени се забележува во Комисијата за одбрана и безбедност, Надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност, Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, Економски прашања, Земјоделството, Шумарството, Водостопанството, итн.Како што се забележува од сите овие комисии, во повеќето случаи тие се сметаат за „машки“ работи и стереотипирањето што им се прави на пратеничките,се гледа многу јасно во пракса.

„Она што е особено забележливо меѓу пратениците е тенденцијата да ангажманот на пратеничките во главно се фокусира во комисии кои во својот домен имаат развој на човековите права, образование и култура. И така, одлучувачкиот збор во комисиите како што се одбраната, безбедноста, економијата, го имаат машките“, вели Марко Трошановски, од Институтот за демократија СоциетасЦивилис.

Жените бележат висока застапеност во Комисијата за еднакви можности на мажите и жените. Оваа Комисија е формирана во 2006 година во согласност со Законот за еднакви можности на жените и мажите.

Инфорграфик3: Парламентарни комисии со постојанависока застапеност на жени (%)

Најактивните пратеници

Од 2017 година, Институтот за демократија издвојува петнаесет најактивни пратенициод набљудувањето на квалитетот на дебатата, или оние кои најчесто земаат збор на расправите. Во текот на 2017 и 2018 година од петнаесетте најактивни пратеници, само три беа жени, додека оваа бројка се зголеми на пет во текот на 2019 година. Резултатите покажуваат дека мажите се оние кои зборуваат најчесто и се најактивни во оваа област.

Инфографик 4: Пратеници кои имаат најголем број говори во Собранието на РСМ

Координатори на парламентарни групи, сите мажи

Политичките партии застапени во Собранието со повеќе од пет пратеници имаат право да формираат пратенички групи. Овие групи имаат координатор кој е од редовите на пратениците. Во сегашното Собрание има четири координатори и сите се мажи.

 

Затворените листи, клучен проблем

Проблемот се политичките партии и регулативата што тие ја имаат. Земајќи го предвид изборниот модел со затворени листи на кандидати за избор на пратеници, ова ги прави пратениците зависни од раководството на партијата, што претставува многу сериозен проблем за демократијата.

„Земајќи го предвид очигледниот проблем што оваа земја го има со коруптивните постапки на политичарите, немам некоја посебна надеж за значителна промена од оваа точка, дури и ако се исполнат наметнатите„родови квоти“, вели Јана Коцевска од Здружението за промоција на женската активност Тиииит!.

Од Институтот за демократија Социетасцивилис велат дека надминувањето на оваа ексклузивна позиција на пратениците е можно во главно преку зголемување на демократизацијата на политичките партии, со посебно нагласување на родовата сензибилизација и вклучување на жените на раководни позиции. Исто, треба да се работи постојано на зајакнување на капацитетите на жените политичарки. Според нив, зголемувањето на квотите за минимална застапеност на жените на кандидатските листи на 50% би го изедначило бројот на жени и мажи во Собранието, а со тоа би се одразил и родовиот баланс присутен во општеството“.

Како политичките партии ја коментираат оваа појава?

И покрај ваквите статистики, политичките партии изразуваат задоволство од законските регулативи за родовата застапеност во законодавната власт. Дури, секоја од нив изјавува дека прави доста за унапредување на позицијата на жените.

Од владејачката партија СДСМ, пратеникот Коста Костандинов вели дека политиките на СДСМ се за целосна еднаквост и целосна родова еднаквост. Тој истакнува дека во изминатите години СДСМ постојано работела на унапредување на застапеноста на жените во политиката, како на партиско, така и на институционално ниво, анагласува дека во сегашниот состав на Извршниот одбор на партијата повеќето членови се жени. СДСМ поддржува отворени листи, како што велат, за поголема демократија и квалитет.

„Нашата парламентарна група на СДСМ, без пратеници од коалициските партнери, има 29 пратеници, од кои 18 се жени, што претставува застапеност од над 60 проценти. Гласот на пратеничките од редовите на СДСМ, како и од другите партии, се слуша и тоа многу во Собранието“, додава пратеникотКостандинов.

Од опозицијата, пратеничката од Алијансата за Албанците,Илире Даути вели дека неможноста на жената,како прво,да се вработи ја исклучува од можноста за професионален развој и кариера.

„Жените не само што треба да зборуваат, туку и да бидат на одлучувачки позиции, а за ова најдобро место се министерските позиции. Во сегашната влада жените недостигаат, бидејќи од вкупно деветнаесет министри,со исклучување на премиерот, само четири се жени.Не сметам дека има некоја посебна пречка врз основа на полво Собранието. Како заменик координатор на парламентарната група на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, на располагањеми е целиот потребен простор за извршување на задачата без пречки“, додава Илире Даути.

Од редовите на владата, од ДУИ, пратеничката Рина Рушани Ајдари вели дека законската квота од 40% застапеност не ги дискриминира жените. Таа додава дека овој закон значително го зголемил бројот на жени во Собранието и според нејзиното мислење, жените во овој парламентарен состав се многу гласни и доста активни за сите прашања.

„Прашањето за избори со отворени или затворени листи, со три изборни единици или шест, мислам дека не се однесува на прашањето на пол, туку за начинот на распределувањепо региони, затоа што мора да се внимава да не се остава ниту едно населено место без пратеник од таа област и секако, треба да се води сметка да не се концентрира само еден пол на пратеници, без разлика дали се жени или мажи“, додава Рина Рушани Ајдари.

Според опозициската пратеничка**, Дафина Стојаноска**, од ВМРО-ДПМНЕ, во Собраниетосе слушагласот на сите. Таа смета дека треба да се фокусираме на квалитетот, а не на полот, бидејќи само на овој начин можеме да напредуваме и да ги зацврстиме вредностите.

„Долго времежените имаат покажано дека политиката не е само „машка“ работа. Можеби бројките, процентите, квотите и статистиката сè уште не го докажуваат тоа, но денес имињата на некои политичарки пишуваат историја.За да жените не бидат квота или процент во Собранието на Република Македонија, тие треба да бидат што е можно поактивни во политиката и подеднакво да ја започнат својата битка за квалитет и на ова поле.Жените знаат и можат, исто како и мажите“, нагласува пратеничката Стојаноска.

Првото феминистичко движење во Северна Македонија е формирано во 1942 година, а четири години подоцна, во 1946 година, жените во Македонија се здобија со право на глас и да бидат избрани на политичките избори.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in