“Дибра Волеј” во потешкотии, без простории за тренинзи и натпревари

April 20, 2022

|

Language:Albanian

“Дибра Волеј” во потешкотии, без простории за тренинзи и натпревари

Одбојкарскиот клуб  „Дибра Волеј“ во Дебар се соочува со тешкотии за функционирање, меѓу кои и недостатокот на соодветни простории за вежби и одржување на натпревари. Реџеп Поцеста, претседател на клубот смета дека во моментов нема поддршка но од Општината ни од гимназијата „28 Ноември“, чии простории ги користеа се до Ноември 2021 год. Општината, вели тој, не ја приспособува просторијата за спорт, која е под нејзина надлежност, за потребите на клубот.

„Натпреварите сме ги одржале, во Дебар како домаќини, во спортската сала на гимназијата „28 Ноември“ до првиот дел на актуелната сезона, но сега усмено не одбија што се однесува до користењето на салата, без некое основано образложение. Поради оваа причина побарав од општината да ја опреми спортската сала на Град Дебар со специјални алатки за нашиот спорт, но наидов на глуво уво. Поради недостиг на волја за адаптација на градската сала и одбивање да ја користиме салата на гимназијата „28 Ноември“, принудени сме натпреварот и тренинзите да ги одржуваме во општина Маврово и Ростуша“, изјави Поцеста.

Институциите ги негираат тврдењата на Клубот. Од општина Дебар велат дека не од Одбојкарскиот клуб примиле никакво барање за користење на споменатите простории.

Во општината не е пристигнало никакво барање од одбојкарскиот клуб за користење на спортската сала на средното училиште „28 Ноември“, а во однос на спортската сала на градот, моментално инфраструктурата (паркетот) технички не дозволува да се одржуваат натпреварите во одбојка“, изјави Малиќ Диша, одговорен за култура, спорт и млади во општина Дебар.

Истото го вели и директорот на средното училиште „28 Ноември“, Рамадан Имери.

„Одбојкарскиот клуб „Дибра волеј“ две календарски години тренира во салата на нашата гимназија, без никакви пречки и без наплата. Проблемот сега е што тие немаат доставено барање за продолжување на тренинзите во салата на СОУ „28 Ноември“. Не сме имале проблеми за издавање на салата за тренинзи, бидејќи ние како раководство на училиштето сме дозволиле салата да ја користат сите клубови кои поднеле барање, како: Кораби Јуниор, Дибра Баскет Јуниор, Клубот за гимнастика, да тренираат во нашето училиште, без најмал проблем“, вели директорот Имери.

Опозицијата во Дебар будно го следи проблемот и вели дека е од порано. Ќе го отворат како тема на расправа во Советот на општината.

„Прашањето на одржување на натпреварите на одбојкарскиот клуб треба да има долгорочно решение меѓу општината и клубот. Причината за реакцијата на опозицијата е поради недоволната реакција од општината и од Секторот за млади и спорт, каде според информациите што ги имаме, општината во ниту еден момент не реагирала. Овој проблем е од порано. Ние како младински форум неколку пати се обидовме да најдеме епилог но не најдовме успешно решение“, вели Шефки Леши, претседател на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците во Дебар.

Одбојкарскиот клуб „Дибра волеј“ се жали и за негрижата од централните институции, како што е Агенцијата за млади и спорт и велат дека не се поддржани како другите спортови. Тие велат им припаѓа да добијат купон за да им помогнат финансиски во нивното функционирање.

Одбојкарскиот клуб „ДИБРА ВОЛЕЈ“ е релативно млад клуб формиран во 2018 година. Најголем дел од функционирањето е покриено со спонзорства од приватни претпријатија.

 

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in