БАЈРАМИ: СÈ УШТЕ НЕ СМЕ ПОСТИГНАЛЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ

July 27, 2021

|

Language:Albanian

БАЈРАМИ: СÈ УШТЕ НЕ СМЕ ПОСТИГНАЛЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ

Љуљзиме Бајрами, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Скопје, во интервју за YJN изјави дека сегашната состојба со пандемијата во северна Македонија е стабилна. Бајрами подвлекува дека ублажувањето на мерките за превенција од Ковид-19 се заснова на препораките на Светската здравствена организација. Таа посочува дека сè уште постои ризик од зголемување на случаите со коронавирус и дека причината за ова може да биде почетокот на сезоната на одмори и свадби.

Автор: Валон Мани

Г-ѓо Бајрами, последните денови во Северна Македонија значително се намали бројот на лица со дијагностициран КОВИД-19. Како ја гледате моменталната состојба?

-Да, точно е дека бројот на нови случаи значително се намалил и ова нè прави многу среќни по толку долг период со голем број позитивни случаи, голем број смртни случаи, голем број хоспитализации, сега започнавме да дишеме слободно, така што моменталната состојба е добра и олеснета за нас како медицински персонал како и за целото население.

Земјата во моментов брои околу 200 активни случаи со коронавирус, според вас што влијаеше на намалувањето на бројот на случаи?

-На намалувањето на новите случаи влијаеја превентивните мерки што постојано ги повторуваме како што се носењето маска, растојанието, миењето раце, полицискиот час што беше некое време и исто така без сомнение вакцинирањето на населението и на оние кои ја прележале болеста.

Властите значително ги олеснија мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Што мислите, дали е тоа правилно дејство?

-Ова не се случило случајно бидејќи ја следиме состојбата на новите случаи, хоспитализираните лица и бројот на смртни случаи во последните две недели, а потоа кога ќе се соберат сите параметри сметаме дека може да се ослободат превентивните мерки бидејќи и СЗО смета дека ако во последните две недели бројот на нови случаи е помал од 3%, тогаш мерките можат да се олеснат и тоа е разумна одлука до овој момент.

Дали може да има нов ризик од ширење на КОВИД-19? Дали постои ризик од нов бран на заразени во наредниот период?

-Да секако може да има ризик од ширење на КОВИД-19 ако се однесуваме неодговорно кон нас самите и кон околината бидејќи ризикот сè уште постои, имаме појава на нови мутации и ако се собереме во затворени простории и протоколите не се почитуваат, пак може да имаме друг бран на заразени бидејќи вирусот е сè уште меѓу нас, потоа доаѓањето на иселениците од странство може да ни донесе други видови кои се присутни на местата каде што живеат.

Кои се ризиците што можат да ги донесат мутациите, односно дали е можно во иднина новите соеви на Ковид-19 да ја влошат епидемиолошката состојба во земјата?

-Бројот на заразени лица може да ни се зголеми и болниците може да почнат да се полнат и сигурно е дека ситуацијата може да се влоши бидејќи сè уште не сме постигнале колективен имунитет за да можеме полесно да се справиме, сè уште сме во ризичната зона затоа што сум се плашам од фактот дека со почетокот на сезоната на свадбите постои потенцијален ризик од собирањето на повеќе луѓе на едно место, каде што знаеме колку може да се почитуваат превентивните мерки.

Како го оценувате процесот на вакцинација досега? Колку е веројатноста земјата да има постигнато колективен имунитет од вирусот САРС-КоВ-2?

-Процесот на вакцинација се одвива добро во моментот, постои волја за вакцинирање, има многу барања за вакцинација. Бројните направени студии покажуваат дека вакцините против КОВИД-19 се многу ефикасни во спречување на заразувањето, експертите исто така сметаат дека примената вакцина помага да не се разболите сериозно дури и ако се заразите. Во моментов вакцинацијата е единственото заштитно средство од КОВИД-19. Во однос на колективниот имунитет, сè уште не сме го достигнале потребното ниво, ни треба уште малку време додека се зголеми бројот на вакцинирани.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in