Силва Дочи, студентка во Кина: Го сакам Вухан дури и со вирус

January 26, 2020

|

Language:Albanian

Силва Дочи, студентка во Кина: Го сакам Вухан дури и со вирус

Пишуваат: Ардит Рамадани и Рита Сила

Иако се смета за епицентар на коронавирусот, љубовта на Албанката Силва Дочи кон кинескиот град Вухан, не може да ја намали дури и оваа трагедија која моментално се случува, а погоди илјадници луѓе. Таа е една од ретките Албанки кои живеат и студираат во Кина. Силва Дочи ја напуштила Албанија пред 11 години, за да студира во една од земјите, која според неа, ја има најисклучителната култура, јазик и историја на светот. Соочувањето со коронавирусот го смета како ужасно и имало големо влијание врз нејзиното психичко здравје, бидејќи, како што сведочи Силва, по цели денови биле изолирани и не смееле да излегуваат надвор. Ова имало големо влијание врз нејзината ментална состојба, но таа се теши со фактот дека на ова патешествие, не е оставена сама на себеси, бидејќи до неа се многу студенти и вработени на Универзитетот, во кој таа студира веќе неколку години. Не само Универзитетот, туку и кинеската држава презела мерки за заштита, од кои Силва ни објасни неколку, опишувајќи ја болеста како „неизбежна болка, како за кинезите, така и за странците кои живеат таму.” „Коронавирусот беше момент на назадување за развојот на Вухан. Продолжува да биде болка за сите оние кои живеат во тој град, било да се Кинези или странци. Земајќи во предвид дека е вирус кој не е познат од порано, заштитата е исто така тешка. Но, основните мерки се хигиената, нагласувајќи миење на рацете над 15 секунди, особено по враќање од надвор и употреба на маска секој пат кога се излегува надвор. Мерките кои ги намалуваат шансите од заразување со вирусот се, исто така и избегнување на средини со многу луѓе, како кина, супермаркети, ресторани, итн. Потребен е еден „само-карантин“ за заштита. Како да стравот од смртоносниот вирус да не беше доволен, па албанската студентка се соочила и со сезонски грип, чиишто симптоми биле исти со оние на коронавирусот. Во тие мигови, како што раскажува Силва, се најшла во безизлезна ситуација бидејќи сите и сугерирале да не оди во болница, поради опасноста од заразување со вирусот во болничката средина. Сепак, таа се охрабрила и направила анализи, кои покажале дека не е заразена од коронавирусот. „Заразување од сезонскиот грип тoкму во деновите кога терминот коронавирус стана тема на секој човек, ме ослаби многу и не само физички. Мерејќи ја температурата на секои два часа, земајќи белешки за секоја промена, се трудев да се убедам себеси дека е само нормален грип. Но, бидејќи почетните симптоми на новиот вирус се слични со тие на нормалниот грип, ми беше многу тешко да направам разлика. Беше тешко да разликувам меѓу реалноста и она „што може да биде„. Иако се сугерираше да не се оди во болница поради страв од заразување со вирусот од таму, јас ризикував и отидов за да ги направам потребните анализи. Топлината на лекарите, нивната грижа, состојбата во која ги видов, ме охрабри. Првите анализи (крвната слика и скенерот на белите дробови) беа сите негативни. Ме израдував силно, и откога ги земав лековите почнав да се охрабрувам себеси да станам повторно на нозе. Но, опасноста беше присутна и понатаму, бидејќи бројот на заразените се зголемуваше, а излегувањето надвор за да одам во болница ја зголемуваше можноста од заразување. На луѓето со слаб имунитет, како што бев јас тие денови, им е многу тешко да се справат со опасноста. Поради тоа, анализите се едноставно привремени, иако негативни, објаснува Силва. Коронавирусот стана главна тема во светот, но за да сфатиме колку е тешка состојбата во Вухан, албанската студентка во Кина нагласува дека повеќето од луѓето се веќе сензибилизирани и свесни за тоа како треба да се заштитат од истиот. Тоа донекаде го олесни стравот и паниката кај луѓето. „Ситуацијата е тешка и сериозна. Колку е сериозно, е малку тешко да се одреди бидејќи секој има различни стандарди за „колку“ и „како“. Фактот дека бројките се зголемуваат значи дека излегуваат резултатите од веќе направените анализи, а не дека вирусот се шири уште повеќе. На почетокот, луѓето беа во паника, а медицината неподготвена за такво нешто, така што имаше многу збунетост. Повеќето луѓе се сега сензибилизирани за заштитата и потребните информации за коронавирусот. Она што го зголеми ширењето на вирусот беше Кинеската Нова Година, кога милиони луѓе патуваат по цела Кина и во странство. Ова го прошири уште повеќе. Јас знам дека податоците и бројките на заразените се сега јавни и не се држат во тајност. Бидејќи состојбата се влоши, се даде наредба сите информации да бидат јавни. Немам многу информации како европските медиуми и пошироко ги прикажуваат податоците, бидејќи секогаш ги следам вестите во Кина, но знам дека веќе од пред неколку денови, се’ околу вирусот и статистиките на заразените или сомнителни случаи, се јавни“, вели Силва Дочи. Во целата оваа трагедија, добрата вест за Силва е што досега ниту еден од нејзините пријатели не се заразени од вирусот. „За среќа не, немам ниту еден пријател или пријателка заразен со коронавирусот, барем не до сега, иако имам слушнато од друштвото дека нивни познаници или роднини се заразени, и се чувствував многу лошо поради ова„. Не изостануваат ниту конспиративните теории во врска со тоа, од каде може да дошол вирусот. Албанската студентка во Кина ги отфрли сите овие претпоставки, сметајќи ги за празни зборови, подготвени за луѓе кои веруваат лесно во сешто. “После првите денови читање преку 20 вести дневно, одлучив да го исклучам телефонот и да не читам повеќе, бидејќи ме обесхрабруваа во тој тежок момент. Што се однесува до овие нови теории кои се зборуваат горе – долу, лично не им верувам, бидејќи како студентка верувам во научните истражувања, со факти и докази, а не претпоставки. Јас лично видов како започна и се прошири вирусот во еден толку голем град, потоа во Кина и странство. Овој вирус нанесе многу човечки загуби, кои се’ уште траат, огромни загуби за стопанството на Вухан и цела Кина и голема штета за имиџот на Вухан, кој до ден-денес не беше многу познат надвор од Кина. Претпочитам да верувам дека никој намерно не би предизвикал такви загуби. Така што, додека да прочитам докажани аргументи, овие се едноставно озборувања, кои не вредат ништо. Мислам дека е поважно да се троши време на заштита и едукација во врска со овој непознат вирус, отколку да се кројат негативни теории кои не помагаат за ништо, уште полошо, ги убедуваат неподготвените умови да веруваат лесно во сешто“, вели Силва. Силва Дочи моментално се наоѓа во Турција и е подложена на процес на карантин. Нетрпеливо го чека нејзиното враќање во Албанија, иако е свесна за можните предрасуди со кои веројатно ќе се соочи во Албанија, земајќи го предвид фактот дека доаѓа од земја епицентар на коронавирусот. Сепак, тоа го смета за небитно, бидејќи во моментов најважно и е да биде добро и блиску до семејството. „Моментално минувам низ процес на карантин во Турција, заедно со граѓани од Турција, Азербејџан и Грузија со кои се евакуиравме од Вухан. Откога ова ќе заврши, се надевам успешно, ќе се вратам во Албанија. За времето кога бев во Вухан сум појавив неколку пати во медиумите и моето име доста се спомнувало. Видов дел од коментарите на интернет, има и позитивни и охрабрувачки, има и негативни. Последниве немаат никакво влијание на мене. За мене е важно да бидам добро, да се вратам кај моето семејство, кое е загрижено и да ја искористам оваа прилика да ги информирам сите заинтересирани, дури и преку медиумите, за Вухан, како го проживеавме коронавирусот и за она што е доста „искривено“од медиумите“, вели студентката Дочи. Земајќи го сето ова во предвид, заминувањето од Вухан го смета само привремено, а за градот зборува истовремено со многу љубов и тага. Планира да се врати во Вухан штом ќе помине оваа деликатна фаза. „Секако дека ќе се вратам повторно во Кина. Вухан е мојот втор дом, јас поминав скоро 11 години таму, имам многу спомени, имам многу луѓе кои ми се блиски низ сите овие години. Коронавирусот е несреќа која и се случи на Вухан и Кина и која можеше да му се случи на било кој друг град или земја. Чувствувам тага и болка за овој град и луѓето кои живеат во него и околината. Моето заминување не значи напуштање, туку е привремено, да ми се подобри здравјето, да бидам блиску до семејството, кое ја почувствува оваа несреќа која се случи во градот каде што живеев. Јас не сум ги завршила студиите таму, и затоа ќе се вратам повторно откога оваа деликатна фаза ќе помине. Се надевам и верувам дека бргу ќе помине”, вели Силва Дочи. Бројот на заразени луѓе во Кина се менува секојдневно. Десетици случаи се потврдени и надвор од Кина, вклучително и во Европа, Северна Америка и на други места во Азија.Вкупниот број на потврдени случаи до сега го надминува тој на САРС, друго респираторно заболување од кое загинаа над 600 луѓе ширум светот во 2002-2003 година. Симптомите на новиот вид коронавирус вклучуваат треска, кашлица и потешкотии при дишење. Светската одравствена организација (СЗО) го прогласи проширувањето на вирусот како национална вонредна состојба, но сè уште не прогласи пандемија.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in