Намалувањето на автобуските линии, загрижувачки за граѓаните

June 24, 2021

|

Language:Albanian

Намалувањето на автобуските линии, загрижувачки за граѓаните

Намалувањето на линиите за јавен превоз во земјата, како и ограничувањето на капацитетите на автобусите продолжуваат да ги погодуваат граѓаните. Со почетокот на пандемијата Ковид-19 во земјата, многу компании беа принудени да ги намалат своите линии заради протоколите и анти-ковид мерките што се во сила, така да не можат да работат со полн капацитет и како резултат на намалувањето на бројот на граѓаните кои ги користеле истите.

Освен стравот да не бидат заразени со вирусот Ковид-19, граѓаните честопати се соочуваат и со стравот дали ќе има превоз во време кога ќе треба да патуваат и доколку има, дали ќе има доволно слободни места. Тие велат дека овој недостаток на линии им одзема доста време затоа што за да стигнат до одредено место и во одредено време, треба да изгубат неколку часа обидувајќи се да ги стигнат распоредите и да обезбедат место во автобус или комбе.

Студентите и работниците кои патуваат со овие превозни средства честопати се соочувале со задоцнување на предавања и на работа. Истите бараат да повеќето линии, кога има најголем број на патници, да се удвојат.

„Живеам во Тетово, но студирам во Скопје, ми се случило неколку пати да задоцнам на предавања затоа што немаше автобус во времето кога требаше да патува. Треба да има повеќе линии, особено наутро“, рече еден студент*.*

Од друга страна, многумина од граѓаните кои работат во други градови, како резултат на недостаток на линии и ограничувања, на почетокот на пандемијата како најдобро решение кое го најдоа беше да се организираат по четири-пет лица во еден автомобил и да патуваат во одредено време.

„Вистина е, на почетокот на пандемијата ситуацијата беше покритична со превозот. Така, со еден мој колега и уште две други лица со кои сме станале пријатели, затоа што патувавме секој ден во исто време на линијата Тетово-Скопје, сметавме дека е поразумно да се организираме со автомобил за на работа. Ги делевме патните трошоци“- рече друг граѓанин*.* Истиот истакна дека на почетокот на пандемијата имало доста други луѓе кои го практикувале овој метод.

Некои други дури и го истакнуваат загриженост бидејќи анти-ковид мерките многу често не се применуваат во возилата на јавниот превоз кои поврзуваат еден град со другиот.

„Се плашам затоа што многу патници не носат маски. Немам што да правам бидејќи немам друг избор за патување“, вели еден граѓанин.

„Иако состојбата во земјата се нормализира, сепак се плашам да не се заразам затоа што во автобусот имаме контакти со непознати лица, сакале или не“, истакна друг граѓанин.

Од Автобуската станица во Тетово, вработените на шалтер, на прашањето за намалувањето на линиите за превоз на патници, и дали се планира истите да се зголемат, рекоа дека политиката на нивната институција е да не даваат податоци во врска со компаниите.

Министерство за транспорт: Компаниите ги контролира инспекторатот

На прашањето за горенаведените проблеми, Министерството за транспорт и врски вели дека ова Министерство во рамките на своите надлежности издава само лиценци и обезбедува линии за автобуски превозници.

„Министерството за транспорт и врски издава само дозволи за работа според законски утврдени критериуми, но не врши надзор. Во овој поглед, не спроведува инспекции во работата на претпријатијата. Тоа е обврска на Државниот инспекторат за транспорт, кој од друга страна е независно тело и не е под Министерството, туку под Инспекцискиот совет“- вели Кире Коцевски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.

Туристички компании: Има зголемување на бројот на патници

Од автобуската компанија Дурмо Турс велат дека главната причина за намалувањето на автобуските линии за време на пандемијата бил малиот број патници, како и намалувањето на бројот на администратори кои патуваа за на работа.

„За време на патувањето со автобус, потполно се почитуваат сите анти-ковид мерки*. Според протоколот, сега работиме со 75% капацитет. Сите одобрени линии функционираат како порано, иако во последно време има зголемување на бројот на патници, нашиот капацитет ги реализира сите, така да нема потреба од дополнителни линии“,* истакнуваат од Дурмо Турс*.*

Во врска со грижите на граѓаните, беа контактирани неколку други превозни компании, но не одговорија на нашите прашања.

Во моментот во земјата продолжува мерката за ограничување на капацитетот на 75% на превозните возила како и задолжителното растојание. Сега за сега нема предупредувања за промена на овие мерки и работење со полн капацитет. Состојбата со пандемијата е стабилна, но не е јасно кога јавниот превоз ќе се врати во нормала.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in