Лимани: Медиумска едукација во училиштата, за критичко консумирање на медиумските содржини

April 16, 2022

|

Language:Albanian

Лимани: Медиумска едукација во училиштата, за критичко консумирање на медиумските содржини

Опкружени со медиуми и технологија кои имаат за цел да влијаат врз поединецот и општеството, а од друга страна, општество кое не знае како да се одбрани и како да ги искористи добрата на медиумите и технологијата...Знаењата кои доаѓаат од медиумската едукација комуниколозите ги сметаат како основни знаења за поединецот на денешното време. Меѓутоа, медиумската едукација не е магично стапче кој ги решава сите наши проблеми, но, се смета како една од нашите најдобри одбрани за да се избегнат негативните ефекти и да се биде покритичен кон медиумските пораки. Изгледа дека граѓаните на Северна Македонија не се многу запознаени со ова прашање. На индексот на Медиумска Писменост, создаден од Институтот Отворено Општество во Софија, за годините 2018, 2019 и 2021, Северна Македонија е на последното место во Европа.

За оваа тема сме направиле интервју со д-р Артан Лимани. Тој е доктор на науки, експерт за комуникација и последователни и многу добар познавач на медиумите. Лимани зборува за потребата за медиумска едукација во нашата земја од основно училиште, за да се создадат генерации кои ќе бидат критички корисници на медиумските содржини. Во однос на ова, тој не го смета како лош новиот образовен концепт, презентиран пред една година, но вели дека бил централизиран и дека училиштата немаат капацитет за неговото применување.

Светот денеска е полн со бројни медиуми и луѓето се опкружени со нив. Како последица на тоа, луѓето се секојдневно изложени пред илјадници пораки и информации, лажни вести, пропаганда, реклами и слично. Многу од нив може да се сфатат како вистински само поради фактот дека се објавени во медиуми. Во оваа смисла, како би го дефинирале медиумската едукација, колку е тоа важно?

Медиумите се развија со голема брзина, но сето ова не беше неочекувано. Од почетокот на 21-иот век, сме го класификувале како век на големите промени. Така, научниците, истражувачите и иноваторите работеле цело време на развивање на нови и модерни технологии и во согласност со нив се разви и медиумскиот пејзаж, којшто денеска е доста голем и изобилен. За обичните луѓе кои не го следеле овој рапиден развој или не го проучувале критички, аналитички, академски или научно, она што се случува денес во светот на интернетот е необјасниво. Како резултат на тоа, повеќето луѓе во светот го прифатија Интернетот како таков и користат апликации, главно на своите телефони за да се информираат, но без да знаат каква трага оставаат во интернет просторот низ кој поминуваат. Оваа информација е добро позната кај оние кои работат на креирање „содржина“ и  ја навиваат истата според нивните корисници.

Поради тоа, медиумската едукација е повеќе од неопходна во различни форми, почнувајќи од формално, неформално образование, до едукација на постарите генерации преку програми за континуирано образование. Тука јавните универзитети треба да играат важна општествена улога преку создавање на програми за медиумско образование за сите возрасни групи во општеството.

Веќе неколку години во Индексот за медиумска писменост создаден од Институтот отворено општество во Софија, Северна Македонија е на последното место и според овој извештај Северна Македонија и некои други балкански земји имаат низок потенцијал за справување со дезинформации. Со оглед на сето ова, дали мислите дека треба да имаме предмет како медиумско едукација во образовната програма и во која фаза од образованието треба да го имаме?

Како прво, медиумското образование треба да биде вклучено во сите предмети што учениците ги учат во основно училиште. Би рекол дека медиумската едукација може да се вклучи во предучилишните програми, секогаш имајќи го предвид потенцијалот на децата од ова време да создадат медиумски интегритет уште од раните години на нивниот развој. Така, еден интердициплинарен пристап на медиумската едукација вклучен во сите предмети што децата ги учат, би бил најдобриот начин за основните училишта да ја вклучат медиумската едукација. Додека пак во средно училиште, овој вид едукација треба да добие посериозен облик и да се нуди како посебен предмет кој би се изучувал во текот на целото средно образование во прогресивни педагошки форми, преку проекти и практични проблеми. На факултет предметот треба да биде дел од општата едукација, модел кој недостига на високото образование кај нас и воопшто на Балканот.

Дали имаме луѓе кои се подготвени да го предаваат овој предмет?

Во моментов немаме, но можеме да создадеме човечки капитал, лица кои би биле на чело на овој голем проект. Тоа се студентите на факултетите за новинарство и комуникација кои имаат исклучително голем капацитет да се вклучат во овој витален образовен процес.

Имајќи во предвид дека нашата земја е мултикултурна земја, колку Медиумската едукација би им помогнала на младите да имаат позитивна визија за различностите и соживотот со различни култури, можеби би станале посвесни за тоа како медиумите имаат можност да прикажат одредени групи на одреден начин?

Критичката консумација на медиумите е клучот кон тоа да секој граѓанин биде внимателен и информиран колку треба за да има оптимален светоглед за општествените настани и процеси. Медиумската едукација само по себе не вклучува мултикултурно оспособување, но може да создаде предуслови за корисникот на медиумскиот простор да разбере дека светот е разновиден и дека не постојат ни држави ниту моноетнички или монокултурни континенти и дека различноста е предност, а не недостаток на едно општество. Значи, ако едно лице знае со интегритет да ја процени вредноста на одреден медиумски простор, тој или таа ќе можат да покажат отпор кон пораките исполнети со омаловажувачки намери кон една група или култура. Затоа, што помала медиумска консумација, и што повеќе здобиен интегритет преку едукација и цивилизација.

Изгледа дека имаме голема потреба од критичко размислување, но колку овој предмет би бил ефективен ако имаме цел образовен систем кој ги поттикнува учениците на механичко учење или меморирање, наместо да имаме активни ученици или студенти да студираат во потполна смисла на зборот? Според вас, колку нашата држава работи на развој на образовниот систем и можеби какви промени би предложиле?

За промена на образовниот систем нам ни треба триесетгодишен процес. Значи, ако од независноста на земјата би започнале да градиме динамичен образовен систем, кој би се модернизирал во чекор со времето, тогаш денес не би требало да се почне од нула. Земјите со силно образованите и високо влијание започнале со реформи од 1970-тите и сега ги гледаат резултатите на една долга и мачна работа.

Новиот концепт на основно образование кој се создаде минатата година сам по себе не е воопшто лош. Истиот е добра основа за понатамошен развој, но се започна на централизиран начин, што е спротивно од она што го направија развиените земји кои имаат квалитетен образовен систем. Ова е првото, додека второто загрижувачко прашање е што училиштата дури немаат капацитет да ги применат новите концепти, ниту имаат идеја за што се работи во новиот концепт. Така да, ако училиштата не се составен дел од реформата каде што ќе бидат и корисници, но и носители на реформата, тогаш таквата реформа нема да види светлина и успех. Конечно, реформата во образованието мора да започне од универзитетите и потоа ефектот ќе биде синџир во целиот систем бидејќи од универзитетите излегуваат наставниците од сите нивоа. Со оваа реформа би ја промениле и дидактиката, педагогијата, би го демократизирале учењето со либерален и меѓународен пристап. Интернационализацијата на високообразовниот систем е клучот за успешно заокружување на образовните реформи.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in