Интервју со Јетон Пустина

May 19, 2022

|

Language:Albanian

Интервју со Јетон Пустина

Уметноста не го зазема вистинското место во општеството, без разлика колку често се зборува за оваа појава. Пандемијата дополнително го влоши контактот на уметниците со публиката, што е основно за нивното „преживување“. Додека пак, институционалната поддршка постои, но е мала. Сепак, има луѓе кои постојано и неуморно работат за љубителите на уметноста да ги исполнат своите срца и души со вистинска уметност, со достојни вредности и творби. Таков е Јетон Пустина, чија дејност е позната во Тетово и пошироко. Посветеноста носи резултати, иако вреднувањето може да биде одложено.

  1. Пустина, на какво ниво е уметноста, љубовта кон неа и негувањето на уметничките вредности во Тетово, дали во процес на зголемување или се забележува опаѓање и потценува? 

Мислам дека со организираните активности последниве години, Тетово, во потполно значење на зборот може да се нарече град на културата. Ова го велам со полна одговорност алудирајќи на двата фестивала кои ги организира Општина Тетово, “Тетовско културно лето “, „Тетово го слави Ноември“, па потоа фестивалот на театри, детски фестивали, филмскиот фестивал, фестивал  на сериозна музика, разни изложби, промоции на книги, па до настапите на многу престижни културни институции од Македонија, Косово и Албанија со оперски претстави, симфониски концерти, фолклорни ансамбли, настани со ѕвезди како Инва Мула, Шкелзен Доли, итн. Културата е во постојан развој и за тоа придонесуваат многу фактори, како што се културните институции во нашиот град, граѓаните и самата уметничка заедница. Секако дека не треба да сме задоволни со толку, туку да продолжиме да придонесуваме, но и да бараме од надлежните институции овој тренд да продолжи, но да се развива уште повеќе.

  1. Дали гледате разлика меѓу возрасните групи кои се љубители на уметничките настани? Колку младината ја цени квалитетната уметност? 

Што повеќе има културни активности со вистинска уметност, толку повеќе ќе има млада публика која постојано треба да се едуцира и учи да ја процени вистинската уметничка вредност. Кај нас оваа млада публика е во забележителен број кој постојано расте и станува неразделив дел од културниот живот во нашиот град.  

  1. Дали се младите заинтересирани да станат уметници?

Бројот на млади кои се ориентирани кон професија во некоја уметничка насока не е голем. Оние кои се ориентирани продолжуваат да придонесуваат за развојот на културниот живот во Тетово, но младите воопшто се пријатна публика и со задоволително ниво во сите културни настани.

  1. Постојано зборуваме за поддршката и интересирањето на луѓето за уметноста. Сепак, има уште една страна на овој триаголник: институциите. Дали има доволна институционална поддршка за развојот на уметноста и за поддршка на значителните уметнички творби? Како е моменталната состојба во Тетово?

Поддршката од надлежните институции не е многу задоволителна и остава простор за дискусија, иако помошта не изостана. Ова го велам затоа што потребите за младите и нивниот потенцијал се многу големи. Ние немаме две многу важни институции кои му се неопходни на Тетово, како што се Театарот за деца и младинци и професионален оркестар. Со овие две институции мислам дека заокружува културниот мозаик на градот Тетово и само институционализацијата на културата решава многу проблеми од секој аспект.

  1. Колку пандемијата ја оштети уметноста? 

Можам да кажам дека пандемијата остави видни траги во секој сегмент од животот, особено во културата, запирајќи го налетот и трендот создаден во последните години со културните настани во градот, кои му дадоа душа и живост на Тетово, но пред се беа и храна за љубителите на уметноста. Ова е многу забележливо и во денешно време, но се надеваме дека ќе се вратиме во целосна нормалност уживајќи во културните настани во градот кои пред пандемијата ги имаше во изобилство.

  1. Како функционираат уметничките друштва денеска и дали може да преживеат? 

Културно уметничките друштва функционираат на доброволна основа, тие не добиваат доволна помош од надлежните институции. Подобро кажано, добиваат средства колку за да преживеат. Од таа причина само мал дел од нив функционираат во денешно време и се трудат да бидат отворена врата за младите таленти кои ги има во голем број во нашиот град.

Овој текст е продукт од проектот “Young Journalists’ Network” имплементиран од Демокраси Лаб. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

This article is a product of the project “Young Journalists’ Network” implemented by Democracy Lab. This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementers/authors and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Ky artikull është produkt i projektit “Young Journalists’ Network” I implementuar nga Democracy Lab. Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementuesve/autorëve dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

About the Authors

Published in